Шансите се sin90+cos270... Контрацептивни таблети постојат, ако веќе не користите кондоми. Што корист имаш од утеха на фемина ако си бремена? Што да ти каже некој овде освен, користи НЕКАКВА контрацепција, оди на гинеколог посоветувај се за заштита , наместо непознати да те тешат
Доволно сум возрасна и сум свесна за ризикот, ова е женски форум и прво ми е битно вашето мислење. Бидејќи дечко ми е 90% сигурен дека не свршил во мене, паника се крена околу тоа што мисли дека можеби останало нешто внатре, а јас не осетив ништо. Денес цел ден гуглам за апчиња за ден потоа и колку тие се штетни, па еве додека сеуште не е доцна препорачајте ми што да земам
И да се надоврзам, дечко ми тврди дека нешто “допрел“ кога свршувал, а јас веднаш се тргнав..Затоа не сакам да си наштетам на моето здравје доколку нема потреба од апче.
Ама дечко ти ако не е сигурен, ние како да знаеме? Ако имаш некоја мака, како што рече слабокрвна си, освен гинеколог да прашаш да ти предложи конкретно апче не знам што друго би можела. Зошто не користите кондом?
Јас ти верувам дека ти е стресно, можам да замислам што значи непланирана бременост, ама дечко ти кој прифаќа да има секс без заштита( или е можеби негова идеја) не е оној кој би земал Норлево или би правел абортус или би раѓал. Двата уживате, а стресот е само твој, колку и да "сочувствува и пази" тој . Само ти можеш да губиш. Затоа ти реков заштити се ако ова веќе не ти е првпат да се потресуваш и грижиш. Ризик секогаш постои со coitus interuptus . Не може никој да знае во што" удрил " , колку имал контрола при оргазам и слично. Ако ти се ризикува, во ред, ама само твоја одлука е тоа. Не слушај совети оти никој од нас нема да трпи последици ако ги има освен ти, а ако ти е за утеха, ја знаеш веќе и самата: " веројаааатно, не си " ама веројатно не е исто со сигурно..
Не секогаш осеќаме нешто кога свршува внатре, и јас многу пати не сум осетила веројатно зависи од количината на спермата, не знам. Така да не можеш да знаеш, ако тој не е сигурен дека го извадил на време. Имаш две опции, да земеш апче доколку не се поминати 72 саата од односот, или да чекаш менс и да се надеваш дека ќе добиеш. Тоа е, памет во глава за понатаму, да подразмислиш нареден пат пред да имате однос без заштита
Ако имате секс често, скоро секојдневно и количината на спермата не е којзнае колкава па да осеќаш голема топлина...не може да се потпираш на тоа....
Здраво Имав месторација последен пат 29 ноеври и денеска сме 29 декември се уште не сум добила а веке две недели имам чусвителни гради и од време на време замор и болки во грбот Можно ли е да сум бремена?
Се е можно, ако си имала незаштитен однос. Направи си тест утре, и најсигурно ќе си знаеш. Овде ќе добиеш веќе одговори, што и самата си ги знаеш
Утре со утринска мокрача направи тест, ќе ти покаже 90% ако не почекај уште некој ден да ти доцни, па не мораш со утринска мокрача, тогаш покажува во било кое време од денот, кај мене беше таков случај. Правев на 1 или 2 ден од доцнење, не ми покажа, на 5ти ден веќе и вечерта ми покажа втора цртка, малце по бледа, ама видлива, со среќа.
На 31 декенври 2020 во 9:28ч нпраив тест за бременост иииии резултат Позитивно ... Смеаам да имам секс ? Или е ризично
Честитки, со лесно. Најдобро консултирај си се со гинеколог. Мене ми рекоа можи, но сепак еве сум 4 месец сеуште ми е шубе