Можеш во секој момент да направиш ако имаш уште неколку дена до циклус. Ако има бременост ќе е ниска бетата но се зголемува на секои 48 h. Со среќа!!
Девојки здраво, Бебе овој месец ќе биде 5 месеци. Откако се роди, 2 циклуси имав, требаше на 31ви декември да добијам но ништо. Се случи неколку пати да не се пазиме, дали е возможно да сум толку малер и да сум забременила? Дојам инаку
Направи тест и ќе знаеш. Секако дека е можно да си бремена. Доволно долго ти доцни така што можеш веднаш да направиш тест, ќе покаже, не мораш да чекаш со прва урина.
Здраво девојки,ме уби психа мислеќи дека има шанси да сум бремена па да прашам некој со повеќе искуство. Последен пат ми дојде на 7ми декември. На 2ри јануари имав однос со дечко . Ми касни и ме фаќа некоја паника бидејќи до сега никогаш во живот не ми каснела ,секогаш добивам на 29 или 30 ден од минатиот циклус .Ми пишува дека ми е крај на плодни денови на 1ви јануари но знам дека тоа секогаш не мора да е точно .Воопшто немам искуство со ова па би сакала да прашам кои се шансите да сум бремена и кога е најсоодветно да направам тест ако не добијам во наредните ден-два.
Штом ти касни вееќ неколку дена можеш да направиш тест и да си мирна. Се препорачува со првс утринска но може и било кој дел од денот треба дс не пиеш многу вода и да не мокриш неколку часа има сензитивми тестови кои би Покажале во било кој дел од денот.
Ти пишале веќе,штом ти касни можеш да направиш тест и да знаеш на што си. А за бремена незз ти знаеш каков било односот,ризичен- неризичен... Ама да немаш главоболки земи денес еден тест и утре со прва мокраќа направи го.
Здраво на сите. Се обидуваме за бебче веќе подолго време. Резултати добри но ете нејќе да фати. Е сега последна менструација имав на 13.12. Според календарот требаше да добијам вчера 11.01 но ништо. Направив вчера тест поручек негативен. Симтоми немам никакви ни за бременост ни за циклус. Ионака за циклус имав само еден симтом - една акна. Сега немам ништо чисто лице скроз. Неколку дена имам само блага тапа болка во долниот дел на стомакот, обично ако сум повеќе активна ја сеќавам иначе не. Па би сакала да прашам дали да направам уште еден тест за некој ден или тоа е тоа, да чекам кога ќе добијам? Фала ви.
Немора ни да имаш, секоја жена е своја приказна. Некои имаат симптоми на бременост а сепак е циклус или обратно, некои па немаат ништо.
Симптомите за бременост и за добивање се исти... Некогаш може да немаме симптоми а да иди менструација а некогаш може без симптоми да биде и бременост.... Ајде две црти да видиш