Мислење? Два теста направив и на двата многу бледо е. Инаку на 17 искусив малку крварење, така кафенко на тоалетот. Би требало да добијам на 22.01.
Здраво Девојки! Сакам да прашам бидејќи прв пат пробувам да забременам, кога да направам тест? Во плодни денови пробувавме ( слика од календар) на 17.01 требаше да добиам, ми доцни два дена, но знае да ми доцни циклус не ми е скрос точен па затоа и не сакам да се разочарам. Инаку уште пред една недела имам отечени гради и болни на допир, често спијам преку ден не можам да издржам а да не заспијам. Дали се симптоми или не мора да значи... Мислам да чекам усште 5 дена да дојди ако доаѓа ако не ќе правам тест. Совет?
наместен ти е календарот со циклус од 35 дена , со што овулацијата според калкулаторорот ти е на 18 ти ден , ако наместиш регуларно на 30 дена циклус веќе ти доцни 5 дена , мислам и утре евентуално до петок ако направиш тест и ако е позитивен би покажал две убави цртки .... и ја ја имам оваа апликација само мене ми е наместена на регуларни 30 дена циклус иако ми доцни заради пцос , така имам евиденција на точни денови доцнење ...
Ако можеш да издржиш толку денови да не направиш почекај ,јас не можев. Истите симптоми ги имав и прв ден ко ми задоцни правев тест ,па имав бледа линија ,па пак не ми се чекаше и правев бета хахаха за 100% сигурно.
Ти благодарам така го имам направено бидејки знае да дојде на 32 дена на 33 на 34 или на 30. И ставив на 35 во апликацијата. Но сега ќе пробамна 30 да ја тестирам натаму па ќе видам.
И мене на 35 ми беше , јас и на 45 дена некогаш добивав ама гинекологот ми рече затоа што системските мерки во ехото се на 28 дена циклус за најдобра ориентација околу период на зачнување да имам една посебна апликација која ми го води циклусот според унирвезалните стандарди и така направив , па после само последен циклус поместивме за една цела недела и на секој преглед си ја кажував таа дата па бебето излегуваше точно по мерки ....
Каде можам да го најдам овој календар? Инаку јас би направила тест, но ако е негативен сеуште не треба да се разочаруваш, ако не ти дојде во следните неколку дена сеуште има надеж. Јас бев така со првото. Првиот тест ми беше негатив, после три дена направив уште еден и беше позитивен.
Апликацијата ја има во play store - таму напиши мој календар (во сликите оди по постапките и ке ја спуштиш)
Денеска осеќам пецкање на едниот јајник и тоа доста интензивни. До сега ми се нема случено вакво нешто, барем не да приметам. Знае ли некој дали ова и како се поврзува со почеток на бременост? Имал ли некој слични симптоми?
Јас имав пецкања во јајникот, тоа беше 22от ден од циклусот и после 10тина дена дознав дека сум бремена. Така да со среќа