Позитивен е тестот Јас имав биохемиска,а веќе следниот месец нормална бременост Сега имам батко од 15м Со лесно
Фала, да сте здрави и живи ❤️ Прво мислев негативен, но по некоја минутка кога се загледав убаво ја видов бледата цртичка. Ќе правам уште еден за секој случај за неколку дена
Да ,за секој случај направи си уште еден по некој ден. И јас со неверување гледав во позитивниот тест после биохемиската. Дури не се ни израдував како што треба и бев во грч се додека на ехо не ми потврдија бременост. Со мм се договориме на никој да не кажуваме, додека не видиме на ехо. Претходно споделив со родителите па ми беше мака кога им кажав дека прокрварев...
Девојки, деновиве паничам бидејќи за разлика од вас кој што очекувате бебче и навистина ви посакувам многу среќа во тоа, јас не сакам да останам бремена. Последната менструацијата ми беше на 24ти минатиот месец. Овој месец според една апликација требаше да ми дојде на 21ви но се уште немам добиено а веќе сме 24ти и почнав да паничам. Градите ме болат при допир, имам брунчиња на лицето и бел исцедок на хартијата. Ги изброив деновите од последната менструацијата до денешниот датум и тоа е 26 дена. На интернет пишува дека најмалку треба да има 28 дена помеѓу менструациите но ретко 26. Што мислите? Ќе добијам ли? Имав еден незаштитен однос но без свршување, партнерот последно имал свршено два дена пред односот. Мислите ли дека апликацијата не е во ред или па може да има нешто?
Од очекуваниот датум. Нормален циклус е над 21 ден , а тебе ако секој месец ти иде на 26-7 дена тоа ти се смета за нормален и така се пресметува доцнењето од очекуваниот датум.
Zdravo, koga go napraviv testot beshe negativen, koga po poglednav po polovina cas nekade uste bese ist, a po 2 chasa stana vakov...sega kako da go racunam kako negativen ili?
Резултатот на тестот на се чита после 3-5 минути и тогаш е валиден. Се што е после тоа време не се смета за валидно. И мене еднаш ми се случи после неколку часа да се појави бледа цртка ама испадна дека е невалидно тоа. Тогаш не бев бремена. Најубаво да го повториш тестот со прва утринска мокрача или за најсигурно да направиш бета хцг преку крв.