@LadyyGaga Ќе зимаш апчиња како и колку ќе ти одреди гинекологот. Ако ти рекла да прекинеш- прекини. Ќе пиеш што ќе ти каже, витамини и сл. И јас имав крварење, зимав утрогестан додека не прекина крварењето, кога прекина крварењето, матичната ми рече дека апсолутно нема потреба да пијам и тоа е тоа. Еве се е во ред.
Дали користиш утрогестан? Мене матичната не ми препиша, а специјалист гинеколог ми кажа да зимам терапија 2х2... Така што побарај неколку мислења, но утрогестанот ми ја спаси првата бременост...
Драга, утрогестан ако не си знаела да те информирам јас еве како медицински работник! Тоа е прогестерон и го даваат на СИТЕ трудници за ПОДДРШКА на бременоста! Не е терапија засебна и нема опасност воопшто од прогестеронот, напротив!
@Lolipop796 воопшто не сакам да се вмешувам од страна, верувам дека имаш искуство, ама и утрогестанот не е бонбона. Гледам на форумов доста гинеколози го даваат 'превентивно'. Сепак е хормон, кој нормално си се лачи во бременоста и секој има различна или воопшто нема потреба да го зема како егзоген хормон. Затоа што сѐ што се внесува однадвор, по дифолт организмот престанува да го создава, нели, за да не е вишок. Некои трудници земале 2 недели прогестеронска поддршка, некои 2 месеци, некои цела бременост, некои воопшто не земале. Секој пациент си е индивидуа и како што нема двајца исти луѓе, така нема ни две исти бремености. И не е точно дека треба сите трудници да го земаат за поддршка, апсолутно не!
Има доктор и со него треба да се консултира. Имај ти искуство колку сакаш, не си нејзин матичен да и ја пратиш бременоста.
Секако дека треба да се вмешаш, за тоа и служи форумот, да си разменуваме мислења и да делиме совети од лично искуство. Како прво, утрогестанот не го даваме без рецепта(јас сум фармацевт) Секако дека не е бонбона, но тоа не е хормон кој може да предизвика несакани последици! Тоа е мала доза на прогестерон кај кој нормално се лачи во бременост, но кај 80% од жените не доволно. Барем тоа е мислење на специјалист по инвитро. Секако дека јас девојката ја советував да си се консултира со специјалист, а не да зима на своја рака.
Јас два пати зедов утрогестан од две различни аптеки без рецепт. Вие можеби треба да сте покриени, ама многу е лесно на крај на месец да се 'набават' розеви рецепти за било што. Ама тоа сега воопшто не е тема на разговор. Од 16та недела плацентата целосно ја презема функцијата на лачење на прогестерон и дури и трагови на надворешен прогестерон може да влијаат врз нејзината функција. Затоа без конкретна индикација, јас лично сум против земање на било каков лек, оти нели секој лек е дрога.
Јас само имам да кажам дека и кај нас докторите особено матичните гениколози се бог да чува. Сите различно работат и различни мислења имаат за иста работа. Знам девојки кои имале спонтани заради лекарска грешка и недоволно обрнато внимание од матичните. Хаос ни е здравството и е да не знае човек на кого и што да верува на моменти.
Апсолутно се сложувам со тебе... јас прокрварив и заради тоа ми беше ординирана терапија... да беше се во ред, не би ми ни дале...
Многу сум исплашена. Вчера и се јавив на Докторката ми вели пиеш ли утрогестан. И реков не и малку како да ми се развика зошто не? Па реков дека кога ме видовте на ехо рековте дека се е во ред и можам да ги прекинам. Ми рече да се напијам одма едно и вечерта пак и доколку уште крварам да се јавам на дежурен гинеколог. (Потенцирам дека не сум од Скопје). Од кога ги испив се беше во ред. Утрово станувам пак исто. Слабо крварење и кога се бришам парченца крв. Не знам кај да фатам, ќе се мрднам од умот. Како ќе издржам до утре за преглед не знам. Дало е можно да го имам изгубено плодот?
Смири се, полека... ако си загрижена зошти не појдеш на дежурен денес? И во другиве градови има служби...
Не мора да значи дека ако имаш крв го губиш плодот,можеби имаш цисти па пукаат. Сепак,појди на дежурен нека те видат,не чекај до утре.
Во мојот град нема, треба да одам во соседниот а таму болницата е катастрофа. Плус има одделение за ковид врие од болни. Не сум паметна што да правам. Од друга страна да седам и да чекам и тоа не можам. Само се молам на господ да е се во ред
Многу пат имаш до Ремедика или Систина? Во вакви моменти многу е важно да си смирена и со позитивна мисла, а ако не можеш, тогаш најдобро е да отидеш да те види стручен гинеколог.
Многу е веројатно крварењето да е од прикачувањето на плодот. Покриена си со терапија, лежи и одмарај. Ако се зголемува крварењето оди на гинеколог. Првите 3 месеци бременоста е повеќе во рацете на природата отколку во наши. Се ќе биде во ред, без грижи.
До систина 130 км. Се обидувам да се смирам. На 5 мин трчам во тоалет. Од утрово од кога го испив апчето до сега немам ништо. Немам други симптоми како тт или болки во јајници. Се надевам дека ќе испадне се добро. Ако во текот на денот пак претече крв ќе одам на дежурен. Фала ви на сите
И јас прокрварев, бев на дежурен, добив утрогестан и мирување само. Мирувај додека не отидеш на контрола и гледај да не се стресуваш премногу, пушти серија, филм, сврти мислите, ќе биде во ред. Кај мене беше хематом кој не пречеше во бременоста понатаму, ама сепак за да се исчисти крварев уште некој ден.
Ти препорачувам да не го пиеш, туку вагинално да го ставаш. Утрогестан од 200мг имаш така? Наутро и навечер по едно и многу мирување те молам
Извини, јас исто имав крварење, но ставав вагинално и мирував. Ова не го кажувам на памет, но дејството е многу појако кога директно ќе влијае на ‘’проблемот”