Мене ми рекоа никако вагинално. Ги пиев додека не се смири крварењето. Нека си праша и нека прави како што и кажале лично нејзе, без да менува зашто тука така прочитала.
Секако, тоа и е проблем кај нас. Секој доктор различен став има и секогаш сум била во прашалници бидејќи не сум знаела на крај кој да слушам. Девојката секако нека слуша доктор, но сепак нека се јави кај специјалист на ГАК или друго мислење, чисто да биде мирна
Ќе мора да одиш некаде, да се открие од каде е крварењето. Како што пишаа погоре и кај мене беше хематом и крварев доста од него ама на плодот не ми влијаеше, нормалмо со соодветна терапија. Може ќе треба да ти сменат терапија, некогаш место утрохестан препишуваад Добростон или така нешто и плус може ќе треба да примаш инекции прогестерон. Мораш да одиш да се види кај е проблемот, а најдобро би било да одиш во некоја приватна, јас во државна имам лошо искуство со дежурна служба. И не слушај никого освен докторите како да ја примаш терапијата, особено не на форум, не сфаќаат луѓево дека не се даваат совети за дозирање на терапија. Јас прво морав да ги пијам, па кога се намали крварењето, кога беше само на дамки, тогаш ми препорача да пијам и плус вагинално. Јас крварев онака баш доста, ми течеше крв по нозе и по под и бебето ми е добро. Не паничи, стресот ќе ти влијае. Се се средува
Пробувам да се смирам. Јас немам обилна крв. Сега за сега се нема појавено од утрово после апчето. Дополнително ми ствара паника што не чувствувам никаква болка во градиве, ниту гадење, едноставно како да имам празнина во стомакот. Дали е од паника или не не знам. Многу тешко човек да се носи со оваа ситуација
Се чувствува дека си вознемирена, и жал ми е што не можам да ти помогнам поинаку освен со разговор... Не врти црни мисли низ главата, мене на почеток имаше периоди кога не ме болеа градите па ќе си речев "еј се испушти"..Добро е што не крвариш, лежи си, не шетај, мене паметот ми го тргаат игри на тел, не се преморувај, и кажи ни како ќе биде утре...
Психата и паниката многу влијаат. Јас кога прокрварев бев сигурна дека го изгубив ептен далеку ми отиде паметот. Можеш да одиш и во приватна ординација кај некој кој не ти е матичен. Ќе платиш приватно. Или кај матичната зошто не отидеш да види на ехо? Така ќе си најсигурна
Женски еве ме со убави вести ☀️. Уште сабајле бев на преглед и прво вагинално докторката ме гледа, не може ништо да види. Мислеше дека е испуштено, крвта ми се заледи. После ме виде убаво на ехо, и вика еве го тука е. Значи качено горе, наместено убаво. Се е во ред, пресреќна сум. Само не знам зошто овојпат не успеа да го види вагинално. Важно ми рече дека е задржано и дека се е во ред. Ми стави инекција и продолжувам да ги пијам утрогестанот. Викендот ми беше кошмар но се излезе добро фала му на Господ. Ви благодарам на сите за подршката ❤