Жени мене среќата ми траеше само четири дена, во саботата за жал прокрварев/добив, за жал денес се воспостави дека сум имала биохемиска бременост.
Без гајле,декември 2018 имав биохемиска, јануари 2019 останав бремена. Сега имам 16 месечен син. Така требало да биде,природна селекција. Ако не останев бремена ќе направев торч, димери со хемостаза и микробиолошки брисеви од испитувања.
Повели. Еве сега кога бев во вц пак имав траги од крв . Значи да се збудали човек. И ме буцнаа и пијам наутро и навечер прогестерон и пак исто. Веќе имам уплав да одам во тоалет
Јас поради притисокот и тироидата правев испитувања сосе генетски предиспозиции во тој поглед е се ок, но ете не дека не ми е тешко но читајќи искуства по интернетов многу ми олеснува психички да не си земам толку при срце.
Здраво девојки, многу сум под стрес незнам што му се случува на телото. Правев тест после еден ден од доцнење на циклус излезе негативен, веќе уште ми касни, ми доаѓа обично на 35 дена веќе се 40 дена. Имам прашања дали се изместува циклус доколку се обидуваш за бебе? Дали може да сум веќе бремена - тест да правам повторно иако првиот тест беше негативен? Дали рано го направив... МНОГУ сум под стрес зошто толку ми доцни многу се 40 дена од циклус (од симптоми имам болка во гради, и секако си плачам се стресувам само мислам).
Можеби се работи за доцна овулација и сеуште не покажува тестот, направи уште еден ете по 5 дена, а најубаво е мислам да си испиташ преку крв.Ние кога почнавме да се обидуваме за бебе се имаше случено 2-3 пати да ми доцни по 4 дена, ама мислам дека е поради тоа што многу мислев и се замарав и се напнував себе си дека имам некој здравствен проблем. Само опушти се и направи пак тест дома а и преку крв. Со среќа
Здраво, пак јас. Иако вчера бев на преглед, ми рекоа дрка е се во тед, ми ставија инекција и пијам утрогестан еве пак имам слабо крварење. Ништо живо не помага. Не знам што да правам, му се има ли до сега на некој ова случено?
Ти кажаа од што е крварењето? Покриена си со терапија ако ти е мисла оди и кај друг гинеколог нека те види ако можи да утврди од што е. Иначе мирувај лежи само за во вц станувај .....
Не ми кажа докторката од што е крварењето. Само дека уште е рана бременост и организмот се бори да го исфрли како страно тело, можеби затоа има слабо крварење. Не сум во можност да лежам. Морам на работа но не ми е напорно, седам цело работно време. Уплав имам веќе од одење во тоалет
Како што пиша и членката погоре бремените жени се ослободени од работа не можиш на матичната да и побараш потврда? Сепак ти си знаеш најдобро ама треба лежење барем додека се смири .....
И јас се напнав мислион болести си барам на интернет. Сепак ти благодарам ќе почекам пак ќе правам тест. Инаку не сум во државата ќе се распрашам тука за тест од крв. Ти благодарам ❤️
Ме ослободија од работа без проблем до понеделник. Докторката ми ги прекина утрогестанот и ми препиша дабростон 4×1 (на 6 часа). Ги купив апчињата, се напив и веќе одмарам. Оваа недела ќе бидам дома и се надевам дека се ќе се среди. ❤ Имал ли некој искуство со дабростон?
Да. Нормална терапија е дабростон, мислам дека 80% бремени жени пијат во текот на првиот триместар. Кај мене беше така. Може да ти се гади од нив но ништо што нема да можеш да го поднесеш. Мирувај, следи ја терапијата и сѐ ќе биде во ред