Штом ти доцни циклус, треба да покаже позитивен и попладне.. Направи утре со прва мокрача пак. Ти доцнело ли друг пат? Ако не оди на доктор..
Нема врска женско или машко, зависи кога е зачнато.Ако е покасно може да ти покаже тек за некој ден, а може и не си. Почекај уште некој ден, ако сеуште немаш добиено, направи си или преку крв или уште еден тест. Кај некој покажува и неколку дена пред добивање, кај некој и дури по 10 дена каснење,нема правило.
За сега сим супер. Последното крварење го имав во четвртокот. Оттогаш до сега фала му на Господ се е добро. На приватен не појдов. Бев на дежурен и утредента кај мојата докторка кажаа дека се е во ред за сега. Во понеделник пак сум на контрола ќе видам што ќе каже докторката. Повремено само добивам мали болки како предменструални но велат дека тоа било нормално. За сега добро се држам само што добив уплав од идење во тоалет. Сепак не е лесно но ќе се бориме колку што можеме. ❤
Здраво требаше да добијам на 01.03 но сеуште немам добиено, симптоми како спиење,гадење се по ред си имам. Сабајлево имав мал бледо кафеав исцедок и направив тест негативен(не сабајле туку после доручек). Дали има некоја ваков случај па да била бремена?
Исцедокот може да бил имплементација, ако е, рано ти е направен тестот. Почекај уште 3 дена па прави пак. Со среќа
Честитки на сите нови мами! @LadyyGaga те читав и предходно,само опуштено и се ќе биде во ред мила.Слушај си препораки од доктор и гали меше. Јас денес требаше да добијам ама нема ништо.Трет месец е овој како што се обидуваме за второ.Ќе почекам уште неколку дена ако не добијам ќе направам тест.Кога сака Господ тогаш нека биде. Дај Боже сите кои сакате да си видите две црвени линии
Девојки сега се враќам од преглед и не поминав баш добро. Сеуште нема срцева реакција . Кесичката била празна. По последна менструација денес би требало да е 7 недела и 1 ден. Но докторката ми даде малку надеж дека можеби е покасно зачнато и наредна контрола во понеделник рече дека мора да се види некаква реакција. За сега нема ништо само жолта кесичка која од последниот преглед до сега е со иста големина. Не е порасната ич но е со правилна форма. Се разочарав многу .
Дали ден после менструација при незаштитен однос но без свршување постои шанса да дојде до бременост?
Не се разочарувај може да е покасно зачнато па заради тоа сеуште да нема плод и срцева реакција... Нареден пат сигурно ќе има..... Без стрес и нервози сега ич не ти требаат Те гушкам силно и издржи до наредна контрола со позитивна мисла
Според големината на кесичката одговарало на 5 ипол недели. Проблем е што кесичката е празна и воопшто не е порасната од последната контрола пред една недела. Сакам да верувам дека е уште рано и дека на наредната контрола ќе биде се во ред ❤
Се толерира максимум 2 недели разлика од последна менструација до големина....Се надевам дека е рано и дека ќе го слушнеш најубавиот звук
Јас сум 4 недели разлика од менструација,по менструација требаше да бидам 8ма, а јас бев 4та. Не се плаши, само грешка и е што не те пратила за бета хцг, по тоа одма ќе се види која недела си, мене така ме прати за да не се паничиме.
Ona sakase da ti rece denes da ste napravele test za da se vidi dali seuste raste nivoto na b-hcg ili pocnalo da pagja ne daj boze jas taka ja razbrav
Мисли пред се смирено и позитивно. Сите ти кажаа дека + - 2 недели се нормален распон... Кај мене беше 6+5, одговараше за 5,5...тоа одење имаше само сакус, топчест, но без ембрион... Следниот пат, 7+3, беше за 6+3, дури тогаш го видовме... Но, следев бета преку крв...неколку пати...да се види со која динамика расте, опаѓа...во син лаб е 700 ден, до 15 часот земаат, за два саата имаш резултат....