А како си пиела апче за ден потоа, кога тоа се пие по однос најмногу 72 часа, а тестот се очекува да е позитивен во времето на следната пропуштена менструација? Апчето не е медикамент за "чистење" по 1 месец... А ако било обратно и си го испила во тие 72 часа, тогаш нема потреба од тест....
Нема шанса да си бремена ако си го зела на време... затоа е ургентна контрацепција Може да ти доцни од тоа, сепак се хормони...
Devojki na pat e I mojata vtora radost.Sega uste da potvrdi doktor. Vi posakuvam I vas vakva srekja I fala shto mi ste poddrshka! Zaboraviv ushte nesto,vie prvi doznavtePosle ke spodelam so mm,sega e na rabota da ne se onesvesti.
Здраво би ве замолила за мислење. Ситуацијава е следна. На 07.02 добив менструација и започнав со контрацепција Микрогинон, по совет од гинеколог бидејќи имав абортус пред пет месеци. Во исто време ми беше откриена детекција на ковид19 и поради зголемени д-димери (згрутчување на крвта) ми кажаа да почнам со терапија Ксарелто. Гинекологот ми кажа дека може да се пијат заедно со Микрогинон. На 14.02 имавме со мм незаштитен однос без да сврши внатре. На 18.02 добивам повторно обилно крварење при што гинекологот ми кажува да престанам со контрацепцијата бидејќи веројатно резултирала со хормонален дисбаланс. Крварењето продолжи уште 7 дена по испиената последна таблета на 17.02. Е сега проблемот е што не знам од кога да пресметувам за нареднава менструација, бидејќи ако сметам од регуларната на 07.02 а не од крварењето на 18.02, веќе ми доцни 4 дена, требаше да добијам на 07.03. Направив два теста, Fruhtest (кој пишува дека детектира бременост 4 дена пред менструацијата) едниот завчера околу 15 часот, другиот вчера околу 22 вечерта. Двата беа негативни. Колкава е можноста за бременост бидејќи тој однос беше на седми ден од менструација и сум била под заштита од контрацепцијата, или пак можно е да се работи за последица од шок на организмот поради контрацепцијата која ја пиев регуларно по прописи само 11 дена? Ви благодарам однапред

Да додадам само значи од тој однос се веќе поминати 25 дена што претпоставувам дека досега сигурно би покажало позитивен резултат доколку се работи за бременост
Контрацепцијата е ефективна уште од првиот ден. Штити од бременост со свршување внатре, а без свршување внатре, можноста за бременост е практично непостоечка дури и без додатна контрацепција. Си имала пробојно крварење кое се случува кај голем број жени кои првпат почнуваат орална контрацепција. Може да го има првите три, четири месеци, може да е точкесто, може да обилно како кај тебе, додека организмот да се прилагоди и терапијата не се прекинува, за жал, лекарот грешка те советувал.