Дали тестов е невалиден затоа што е разлеан? Покажува бледа црта па не знам дали да се онесвестам или сепак не?
Невалиден бил првиот, на новиов нема бледа црта Инаку денес треба да добијам а немам никакви симптоми дека ќе дојде
Мислам дека нема ништо затоа што првиот е Sure check и мери бета од 25mIU/ml, а вториот е Fruhtest (10mIU/ml). По логика на вториов требаше да има и појака црта ако беше позитивен. Како и да е, ако не ми дојде за ден-два ќе поверам преку крв. Од една страна мнооогу сакам бебе, од друга страна имам некое чудно чувство како да не сум спремна за се што ми следи
Не знам колку ќе ти биде за утеха, вториов пат кога останав бремена првиот тест ми беше со мнооогу бледа втора црта, ппсле уште 18 купив сите негативни, на крај бета ми потврди бременост. Не се разочарувај, надежта последна умира
Јас денес повторно правев тест.. Резултат исти како и предходно. Црта видлива само под посветла просторија, исто како сенка се гледа.
Мн рано ги правиш тестовите.Ко што разбрав сеуште не ти ни доцни.И за бета можеби ти е рано.Не се оптеретувај толку психички и почекај за да можеш да добиеш валиден резултат.Мене со три дена доцнење ми беше едвај 150 бетата(10 дена бременост).
Знам дека прерано ги правам. Но, во Ноември имав биохемиска бременост, и сега доколку пак има бременост треба од самиот почеток да правам некои испитувања, и затоа сум нетрпелива.
Испитувања после абортус обично се прават.Во случајов кај тебе после преќин на бременоста.Се испитува која е причината.Откако ке настапи веќе бременост незнам какви испитувања би правела особено првиот месец освен крв и урина.
Доколку го разбереш извештајот а секако дека датум ке прочиташ скоро ги правев сите испитувања. Со заклучот од Др.треба што поскоро да дојде до бременост.(Ако даде господ) и доколку дојде некое време треба да бидам под надзор. Барем додека префрлат 3 недели од денот на потврдена бременост.
Ако сакаш во инбокс да ти ги испратам сите испитувања.Сепак тоа е само дел да видиш дека правев.. И не е само обично. Фала ти
Мене не ми требаат.Бремена сум по трет пат(успешно) и три неуспешни имам.Од таму и искуството дека тестови 5-6 дена пред циклус не се прават.И дека првите 3 недели бременост бебето ни на ехо не се гледа не пак испитувања да ти дадат да правиш.Ама ти си знаеш.Како те советувале така.Среќно
Најискрено така ме советуваа. Бидејки предходната Биохемиска бременост плодот се заглави во канал па требаа да ме оперираат. Инаку и мене не ми е прва бременост, имам две ќерки 9 и 4 години. Ама, сепак доколку има бременост се плашам повторно да не де случи исто. Поздрав
Девојки да се дополнам.. Денес бев на преглед на ехо.. 5 дена откако ми доцни, имаше кругче во матката ми рече можно е да е бременост а и не.. Да одам на контрола за 1 недела.. Тестот вчера беше негативен.. Нз што да мислам..