Не биди толку сигурна! Дека може да се остане бремена од вториот пат едно подруго (без да се измиле и исчисти) жив пример е другарка ми. Со сигурност тврдам дека не е намерна бременоста од двете страни зошто имаа многу, многу други планови во животот кои паднаа во вода. Така да девојки на втора тура секогаш внимавајте![/quote] со дечко ми сум во врска 2 год и во почетокот имавме нонстоп секс 2 или 3 пати во една вечер бес заштита бидејки мислев дека нема опсност од бременоста но сега знам да се пазам фала феминки
Еве и јас да си го кажам моето мислење на темава. Треба да се внимава секако, и првиот пат а секој нареден пат особено многу. Сепак има шанси за забременување, не се големи ама сепак постојат. (зборувам ако не свршил внатре) Мора да водите сметка за да не дојде до несакана бременост. За ова незнам колку пати се дискутирало во темава. И ако вака се нервирате и се мислите после секој однос, до каде ќе стигнете? Ако сакате да бидете сигурни, зошто не користите кондоми, антибеби пилули?! Барем денес има многу начини да се заштитите. А прекинатиот однос не е сигурен метод на контрацепција. Сепак тоа си останува на вас-дали и како ќе се заштитите. Но треба да мислите и на последиците, а не само на моменталното уживање.
ах бе деца па после тоа, бремена ли сум, леле ако сум што ќе правам, како ќе кажам на моите, па абортус колку чини, каде се прави, ова сум го прочитала безброј пати во темава и во сличниве теми како оваа. И сетоа ова за ништо, има можеби разлика не знам не сум пробала, и не ни сакам, не сакам да си задавам стресови на душата заради некоја си минимална разлика
Да, може е за некоја нијанса поубаво, но како што кажав сето тоа си носи последици. Ако веќе сте се нафатиле на секс без заштита треба да сте спремни да си ги сносите последиците. Сепак тоа си е индивидуален избор.
Се сложувам со вас, само сакав да кажам дека никој неможе ништо да гарантира! Бај д веј, си ја имам мувата на капата! И да ве прашам: Јас во понеделникот имав два пати едно по друго, ама кога сврши првиот пат надвор од мене, се избриша, го изшмукав убаво и после продолживме! Ме фати паника, а не ми касни (на 20ти некаде треба да добијам, не ми е редовна неможам да кажам точно! ) Муабетот ми беше, има ли место за паника во мојов случај?
Пак ти за ова во исто време се тешевме пред некој период ако се сеќаваш , ама ај да не идам оф топик, да се измил и да мокрел шанси скоро ќе немаше ама вака што знам
А бе досега ич не се мислев пошто претежно секогаш имаме повеќе пати во вечер односи! Ама како што читам тука, почнав нагони на повраќање да имам, вртоглавици, уште малку и стомакот ќе почне да ми расте од оваа саката психа! Значи ќе полудам, а којзнае кога ќе ми дојде! Бај д веј плодни денови ми беа саботата и неделата (осеќам, тогаш ме боли стомак како пред менструација). Читав негде низ форумов, ако сте немале шанси да се измие ( а ние немавме, цимерот негов се туширање ) изшмукајтего Стојко! Лелеле ќе полудам, мајкеми!
Ќе почекам сега да ми закасни па ќе направам тестче обавезно. Од досегашно искуство, очекувам да нема ништо! ...и се надевам дека нема да има бебче, барем не сега на 21 година!
Абе три илјади пати да е поубаво, пак не би, многу ми е поубаво кога можам да спијам мирно навечер... Еднаш ни се скина кондомот(СЕКОГАШ имаме со кондом), јас умрев од грижи, а не беше ни свршил ни ништо, од таа претсемената течност, среќа точно на денот добив инаку ЌЕ УМРЕВ... Сите знаеме како е поубаво, ама и како е посигурно, на кој не му држи(како на мене), презерватив и готово не да те боли глава на секое...
Здраво женски... Значи вака...ајде и јас да си го кажам мојот проблем па чекам совети и мислења од вас... Пред една недела бевме со дечко ми на одмор... и баш си бевме во прилика да си имаме колку пати што сакаме секс во денот...Се беше океј,се пазевме,повеќе пати имавме заштитен однос...ама баш последниот ден ни текна да не користиме кондом...Дечко ми не сврши во мене...но само што го извади после едно 3 секунди сврши....Тој тврди дека нема место за паника,дека нема ништо не свршил во мене бла бла... Но мене цела недела ме болат градите...Менстурација треба да ми дојде на 15ти...барем така си пресметав на календарчето од црнобело.ком бидејќи немам редовна менструација...Некако се чувствувам и подуена во стомакот или тоа изгледа психата ме тепа страшно...Други симптоми немам да речеме повраќање,гадење ова она...ама ме загрижува тоа што ме болат градите... И сеа пак како секој месец со душа ке си ја чекам менструацијава и се надевам дека ке ми дојде... Ајде да слушнам што мислите вие... Поздрав феминки
Па треба да добиеш ете и самата кажуваш, подуеноста на стомакот и болните гради се нормални симптоми. Мислам нема место за паника ако не свршил дечко ти внатре. Уживкај си.
Па да знам дека се нормални симптоми ... ама тие симптоми мене ми се појавуваат неколку дена пред да ми дојде менструација да речеме два три дена... А сега веке цела недела ме болат градиве а менстуација треба да ми дојде тек дури за една недела... Тоа ме мачи ... Дај боже да нема ништо... Сепак фала на мислењето ...
Симптоми за бременост се појавуваат релативно покасно. Како што веќе ти кажаа, нема место за паника, сермата не завршила во тебе. Тоа што те болат градите уште сега и подуеноста на стомакот, може да се само резултат на стрес, имено од што се мислиш дали може да биднало нешто. Немај гајле, релакс се ќе биде ОК.