Здраво на сите, ги прочитав скоро сите постови од изминатиот период, но сепак сакам да ја објаснам мојата ситуација и да добијам ваше мислење. Имав менструација на 02.05. Вообичаено добивам на 28 ден, речиси без исклучок. Според мојата математика, сум требала да добијам на 30.05. Но, денес е 06.06. и се уште немам добиено. Освен што ми се спие многу повеќе од порано, чувствувам и малаксаност, како да сум без енергија, имам и болки во долниот дел од стомакот и голем апетит наутро, проследен со кркорење на цревата, исто така да напоменам дека и влажноста е многу поголема од порано. Моето прашање е дали е рано за тест за бременост и кога е најдобро истиот да се направи. Секое мислење е добредојдено. Се извинувам за долгиот пост и благодарам на секоја што ќе одвои време истиот да го прочита и да го даде своето ценето мислење.
Моја сродна душа си Тоа гледам сега да си порачам пакет од оние комбинираните за овулација и бременост Тебе додека ти стигнат и срцева реакција ке слупнеш Тоа за следен пат планирај . Како го додржа тестот ејјј јас го немам тој цврст карактер Само ние си се разбираме Pee on a stick addickt all the way
Јас овој месец бев на мака. Ми каснеше 6 дена, не знам колку тестови направив, сите беа негативни а упорно не добивав. Испитав бета и следниот ден добив Така да, потполно те разбирам и ти посакувам резултатот да биде посакуваниот.
Како?? Епа каде што живеам во сите аптеки ме познаваат и не сакам да знаат дека пробуваме па купувам само кога одам некаде.. сега не сум мрдната од дома и само еден ми е останат иначе минатите месеци од 7дпо до 14 дпо секој ден правев, уште не расоната тестови остварав овие од фитофарм треба благодарница да ми пишат што ги финансирав во коронава Дај Боже да е како што викаш, едвај ги чекам тие две црти @ГорданаР направи тест, со 6 дена доцнење ако си бремена ќе имаш две жар линии. Среќно!
Утре еден тест и ќе биде разрешена мистеријата, инаку мене ова се што имаш наброено ми беше и сеуште ми е симптом, проследено со некоја утринска мачнина ама без повраќање.
Мене ми каснеше 11 дена, и гинекологпт и педијатарот ги прашував, ми викаа дека е нормална да доцни после пораѓај. Денеска еве 4 ден ми е мене, така да супер сме @Trpkovska
Здраво На 15.05 имав секс со заштита на 26.05 требаше да добијам но еве веќе ми доцни 11 дена (некогаш добивам точно на денот, а некогаш ми доцни досега до 10 дена најмногу) исто и на 29.05 имавме секс со заштита. Еве веќе 5-6 дена имам болки во долниот дел од стомакот, осеќам и некое помрднување кај јајниците, од 01.06 или 02.06 имав некој розево-кафеав секрет, ден после тоа го немаше па повторно го има и еве денес е повеќе како на црвена боја, не е во голема количина и не го имам преку цел ден туку повремено. Дали тоа е дека ќе добијам или можи да е нешто друго во прашање, се плашам бидејќи дечко ми мислеше дека се скинал кондомот но колку што проверивме и двата пати се беше во ред. Ве молам за мислење.
Еве го мојот тест....овде бев бремена 5 недели...не се брзајте да правите веднаш тест,почекајте...јас чекав скоро 10 дена па го направив само овој тест и веднаш знаев дека сум бремена,,,,,,без мисли и двоумења дали е позитивен или не.На сите што сакате да останете бремени ви посакувам ваква среќа од срце
Не морате да чекате, но од друга страна нема потреба да си правите стресови и да правите по 100 теста. јас се на се имам направено 4 теста во животот - 2 беа позитивни, 2 негативни. првиот пат кога пробувавме една недела ми каснеше - беше негативен, вториот пат кога ми каснеше 2 дена беше позитивен. за жал таа бременост заврши со спонтан. вториот пат кога решивме да пробаме бев многу повеќе под стрес и направив еден тест пред да ми касни беше негативен. веќе наредниот месец на денот кога требаше да добијам попладне правен тестот беше позитивен со две јаки црвени црти ))
Си имала среќа. Овде има членки што не можат да останат трудни со месеци и години. Сигурно нема да останат на 4 теста во животот.
не би рекла и ние пробувавме цела година но јас не правев тестови. чекав да ми касни . како и да е им посакувам на сите што сакаат да си дочекаат и да не си прават стресови со тестови пред да им касни
Јас откако почнав да работам на бебе секој месец ми касни, уште не сум останала трудна, а не знам колку теста направив.