:/ секој си го познава својот организам. јас секогаш добивам редовно затоа немав дилема. искрено знам колку разочарувачки може да биде чекањето за бебе. ти посакувам во најбрзо време да ги видиш двете цртки и да се израдуваш. поентата на првиот пост беше секако дека со тест правен дента кога треба да добијам, попладне искочи позитивен и дека нема поента да се чека 10 дена во контекст на мислењето пред моето. од друга страна читам членки што после 5 дена од ризичен однос прават тестови што нема никаква поента.
И јас го познавав мојот организам. Откако имам менструација ми доаѓала на 28 ден ама се се смени откако почнавме со бебе. Еве овој месец на 36 ден добив. Пекол. Иначе првиот пат кога "правевме бебе" тест правев третот ден Од оваа гледна точка ми е многу смешно и сум била глупа ама тогаш ете сум имала нешто друго во глава.
Женски здраво, денес на бришење имав розеникаво, после тоа немаше ништо. Попладнево вежбав и мислев дека ќе добијам си ставив секојдневна, на улошката имаше малку розево. Инаку треба да добијам за 4 дена, а вака немам ни болки, а обично имам болна менструација. Единствено од симптоми ме болат градите ама веќе три недели, што претпоставувам може да е нешто друго, а не бременост. Ова денес ме збуни скроз. Да почекам да видам дали ќе ми дојде, датумот за добивање или кога е најсоодветно време за тест за бременост?
Дали доста зголемено млечно бело прање, вртоглавици, lightheadedness на моменти, притискање на јајникот неколку дена пред да треба да добиеш се можни рани симптоми на бременост? Сврши во мене 3-4 дена пред овулација и еден ден по овулација, последното свршување беше на 27ми, а првото на 22, би требало да добијам сега на 9ти. Пред неколку дена забележав доста густо бело прање, и другиве симптоми, но сепак си мислам дека е рано за било какви први симптоми на бременост, иако прочитав дека можни се и по една до две недели. Исто така се чувствувам цело време уморно и ненаспано, колку и да спијам ноќе.
Ако симптомите за бременост најчесто се јавуваат по 6 7 недела не значи дека е кај сите баш така. Секако дека може да се јават и порано. Секретот, боцкање во јајник, мачнини од некоја храна или најчесто одбивност на кафе, менструални болки, осетливи гради , секако може да се рани симптоми на бременост. Тоа многу рано е најчесто 3 4 дена после овулација, но од 6 ден секако дека може да се јави симптом. Јас во првата бременост уште 6 дена после обулација бев многуу поспана, јадев постојано, еден ден ме здоболе десниот јајник многу и во истиот момент повратив, и така 2 дена си повраќав. После само градите ме болеа и од 9 10 недела почнаа мачнини, киселина, повраќање, а воопшто не спиев имав многуу енергија. Така почекај да ти задоцни па направи си едно тестче.
Ништо ајде, со нови сили понатака. И јас имав иста ситуација, само кај мене беше 8ма недела. На државно бев на киретажа со целосна анестезија, кога се разбудив немав никакви болки, лежев 2 часа па ме отпуштија. После првата менс. треба да отиде кај матичниот на контрола, па би требало да прави микробиолошки, пап итн.
Враќам малку доцна дури сега видов дека си пишала . абе стварно како себе да се читам . Јас пак купував од различни аптеки по 3 теста од секоја од такви помалечки аптеки не од Зегин оти таму сите ме знаат Плус кога ќе отидев до Ск на пример . Ќути за тоа и планирам да си нарачам од Али Туку што направи со преостанатиот тест ја отворив темата зс тебе да видам што си направила .Ајдеее сега веќе ке се познава втората убаво прави и сликајј
Добар ден на сите, само да ве израдувам, направив тест и истиот е позитивен. Денес сум на прв преглед, се надевам дека се ќе биде во ред. Голем поздрав до сите
Утре ми е денот за тест, едвај некако се воздржав да не го направам. Ама се мислем дека нема ништо, денес почнаја болките како секој момент да ќе добијам
И мене така ме болеше стомак кога бев бремена.Не ми се верува цртката да е лажна Ајде почекај до утре штом си цврсто решена
Здраво на сите. Дакам да ве прашам колкави се шансите да се остане трудна од прв обид? Пробавме пред неколку дена, а јас чувствувам замор, стрвна сум кон благо, градите ме болст исто како пред мензис а ми заврши пред 10 дена. Ми се гади на моменти, имам нагон за повраќање. Правев денес тест за бремееност меѓутоа испадна негативен. Дали е прерано за тоа зошто пред недела дена имавме обид?
За тест е рано. Почекај да ти задоцни. А шансите се еднакво дали е прв или е 10 обиди. Ти посакувам 2 цртки.
Шансите дали се големи или мали од прв обид не можеме да кажеме и да претпоставиме, прво бидејќи секој организам е различен. Некои забременуваат од шала,некои се мачат неколку години и покрај тоа што немаат никаков здравствен проблем. Што значи за здрави маж и жена кои се во репродукција шанса има секогаш. За тест и симптоми е премногу рано. Првите симптоми ќе ги почувствуваш после недела до две од доценење ама веќе тогаш ќе знаеш, особено за гадење и повраќање тоа се јавува околу 6та недела. Совет опуштете се максимално. Јас лично мислев дека деца се прават одма од прв обид ама позитивен тест видов дури после година дена кога најмалку очекував,предходно здравствено проверивме се. Со среќа и само позитивно, водете љубов немојте да легнувате со помислата дека правите дете. Ви посакувам побрзо да ви се исполни желбата.
Ти благодарам од срце. Сакаав и јас даа се проверам зошто имам со тироидната проблеми (мала дисфункција - хипо) и се си мислам дека потешко ке оди тој процес...