А зошто такви чувства секој месец не си веќе ни во плодни тој период имаш прашано док? Мене ми беа плодни а на 9 ти овулација спрема апликацијата, имавне односи и другиот ден имав болки бев на гин. циста пукнала и овулација значи има големи шанси да сум останата не можам да дочекам да дознаам
Не знам зошто се случува тоа, прашував и тука на форумот и многу жени рекоа дека исто им се случува. Провери бета преку крв ако ептен не можеш да дочекаш
Не ќе чекам можеби е рано една недела од овулација.. треба да Не ми дојди на 23 ти.. до тогаш ќе чекам и ако ми касни тест ќе земам
Да, рано е многу, и да е оплодена јајце-клетката може не е ни вгнездена во матката. Почекај да ти доцни, а до тогаш занимавај се да си ги тргнеш мислите: читај книга, излегувај со другарки, оди на шопинг, шетај спортувај, гледај некоја серија, чисти по дома хаха било што да не мислиш и додека да трепнеш ќе помине неделава
Хаха убав совет, да вежбам ми е страв многу мислам дане не чини акп сум останата.. за заниѓација лесно на работа и имам едно дете 4 години
така ми дојде де, хахаха епа си имаш занимација 24/7 да ни пишеш наредната недела ти посакувам 2 цртки
После завршување на менструација вежбај поинтензивни потешки вежби, после овулација пилатес без големи тежини до кај 2-3 кг и без многу скокање. Нема проблем од вежбањето јас вака практикував цело време,од кога останав искрено ми е прва бременост и првото тромесечие паузирам. Ти посакувам што побрзо две цртки и уште една бепка
Здраво. Со партнерот неколку пати имавме незаштитен однос. Еднаш имавме и под туш. Дали веројатноста за забременување е поголема доколку имаш вака односи во вода? Немаше свршување ниту при еден од односите. Секогаш свршуваше на страна. Дали без свршуваше има место за паника бидејќи треба да добијам дури на 30ти.
Епа ако немало свршување тогаш малку е веројатно да си бремена... водата нема никаков удел во процентот на забременување... Немаат врска приказните "невина девојка остана бремена од пливање во базен"... Глупости.
Извини, нејќам да вреѓам, ама како бе се еб*те без основно знаење и познавање?! Знаете ли како се зачнуваат деца?
Женски ве молам за мислење…Се породив природно пред 5 месеци и првпат добив минатиот месец бидејки престанав со доење. Минатата недела имавме незаштитен однос сабајлето а вечерта осетив дека имам овулација. Скоро секогаш ја осеќам зошто ме боли десниот јајник и имам густ бел исцедок. 4 дена после тоа почнаа да ме болат јајниците како сечење доле имам, уморна сум премногу и ме тера на плачење цело време. Дали е можно да сум трудна? Не верувам јас бидејки од пороѓајот сеуште не ми е средена тироидната. Не сакам сеуште да правам тестови бидејќи е многу рано. Ве молам за мислење незз стварно што ќе правам
Свесна сум за се и сум доста информирана. Само ете, паничам. Не сакам да останам бремена. Денешно време се и сешто се пишува по интернетов. Сакав само да прашам дали има шанси за бременост доколку имате незаштитен однос но партнерот да сврши по 2-3мин после односот но на страна ? Цело време се мислам. Од самото тоа што мислам и јајници ме бола и ми се лоши. Не сакам никакви навреди или исмејување само сакам ваше мислење.