Се чудам на докториве,гледа бременост или сумња и не ги праќа да испитаат бхсг,мене прво што ми даде или и кажав дека имам позитивен тест и правец ГАК за бхсг,прво број па све остало.Не е секој за доктор....страшно
Леле мајко ,дајбоже да биде се како што треба,сепак ке си почекам до денот за добивање за друг тест и ако ми касни нормално,битребало да биде ваљда после ваков тест и после две биохемиски конечно,како што ксжав многу ми е страв
Предходната бременост бидеќи чести главоболки имав ми дозволија аналгин а и од кога пробуваме за бебе прашував во аптека беналгин ми препорачаа
Кога пиша дека си имала две точки крв на бришење, описот беше исто како и моето инплантациско крварење Една причина да се опуштиш е и тоа, доказ дека плодот си се наместил таму каде што треба.
Јас направив тест точно на датата кога требаше да добијам, беше викенд, па се јавив кај докторката после два дена, ме прашаа колку ми доцни и ми закажаа преглед за две недели од тогаш. Значи после 18 дена од позитивниот тест бев и одма си слушнав срценце на првиот преглед. Еве сега пресметав сум била скоро 7 недела кога сум отишла прв пат, можеш и во 6 недела да отидеш, за потврда е таман, за срцева акција може ќе ти каже повторно да дојдеш после една недела.
Како бе така? Да не не сте се разбрале? Да не ти рекла рано е да доаѓаш на преглед. Иначе тестот е апла позитивен, не е ни воопшто бледа линијата за периодот кога е направен, како што те сфатив, уште ти е рано за добивање, неколку дена порано е направен
Утре ми е денот за добивање ама не таа е на одмор не и велев за ехо само и пратив бидеќи си живееме, ме зачуди и мене
Сака ваљда да каже дека е можна биохемиска, не кај тебе конкретно, туку општо кај сите кога правиме предвреме. Веројатно постои некој момент кога некоја линија веќе укажува на некоја сигурност, по некоја логика кога веќе ќе закасни циклус. Ова јас лаички си го кажувам како претпоставка што сакала да каже. Лично јас сметам дека си е позитивен и толку. И на девојката од погоре, таа уште порано го има од тебе направено, ама и тој е позитивен. Ќе биде добро, не се грижете толку Јас па скоро 2 години се обидувам, верувале или не, ниту еден тест досега немам направено. За да направам треба да ми закасне и тоа повеќе од 3-4 дена, зошто знам која ми е последната дата со која би можело да касни. И не е дека не ги правам за стрес да не си правам, едноставно шознам....може сум имала и јас биохемиска кога ми каснеше во рамки на моето дозволено, иако ретко каснење, но кој да знае. Барем кога ќе забременам таа грижа нема да ја имам за порано, иако можеби ми се случила Со лесно девојчиња