@Dzulija* Бремена си сигурно, безразлика кога е правен тестот, си покажа две црвени воочливи линии така да докторката можеби од медицински аспект ти рекла бидејќи сеуште клендарски не ти доцни но сепак има рана бременост и сигурно нема да добиеш.
Фала многу ми значи... дали дека знам сега ама омалаксана сум ми се спија немам сила ми се лоши малце или па веќе почнуваат симптоми поинтензивни
Ај јас сега малку "безобразно" .Нека гледа оваа твоја докторка малку подалеку од книгата и нека не се држи толку строго до тоа што го набубала како студент. Од такви учени недочени докторки ми се гади . Јас тврдам за жал за мојата матична дека е ист пример како твојава - дудук невиден ! Да кажувам какви се не глупости имам изнаслушано од неа треба до утре да пишувам . Не секој што има диплома ја заслужува истата. Кога бев да зимам тест за бременост аптекарката пази ми препорача тест за тестирање на бременост 5 дена ПОСЛЕ однос Мислев лспсус нели и нормално да ја искорегирам и велам - да за 5 дена пред дата на добивање .. Таа упорна вели - неее овој е од најновите може са детектира 5 дена после однос И велам не постои таков .. И дури арогантната - јас сум фармацефт јас знам што зборам. Не сакав да се објаснувам зошто греши и се насмеав - тоа е можеби е нов не знам .. Кај мојата матична доаѓа една женичка додека чекам ред за која што знам дека е подолго време во брак и немаат дечиња .Оваа и ги чита резултатите од хормони пред 15 жени што чекаат(мислејки дека никој нема да го разбере муабетот) и и вели за ФСХ дека и е околу 12 што е доста високо . И место да ја упати да испита АМХ да видат до каде е со резервите и да и каже дека таа не може да и помогне и дека е најдобро да се обрати зс стручно лице во областа на хумана репродукција ,таа молим те ја посоветува да си продолжи да си пие кломифен Ми се идеше да станам и да ја натепам и да и ја скинам дипломата. Немам со која да ја сменам во градов каде што живеам а морам да имам матична а другата што работи е бетер од оваа. Инаку си одам во Систина до сега оваа тутурутката ќе ме умреше да сум само кај неа. Забегав од темата ама стварно се извадив од патиките кога прочитав што ти пишала Рана бременост има повеќе од очигледно ,честитки ! Е сега ако се плаши твојава докторка од недај боже биохемиска можела да ти даде нешто за подршка и да те посоветува да се пазиш. Ако не ти е уште време за добивање - мојата сенка од линија е 17 месеца и прави хаос моментално по дома Е,и уште ова и веќе не замарам - има сигурно 10 ако не и повеќе членки овде на форумов на кои би им дала по една докторска диплома
Тоа за фсх и кломифенот катастрофа. Во право си, во таков случај специјалист, а не таа совети да дава такви кои можат да наштетат дополнително. Но, тоа за тестот за бременост после 5 дена од однос може да е точно. Ако бил односот во плодни денови секако. А, тоа па секако не можеш баш да знаеш кога точно ти се плодни. Но 5-6 дена после овулација се мери прогестерон и ако е повисок од одредена вредност укажува на тоа дека имало овулација. Ако е пак повисок од др вредност тоа може да значи и рана бременост. Според тоа, не ми е чудно и да има таква опција, за мерење на бета хцг преку тест после 5 дена, ете можеби 6, ако е мн сензитивен тестот.
Фала ти најмногу Имам некое чувство на гадење и потење. Ни на крај памет немав дека од тие симптоми ќе испадне бременост.
Да ама тестовите за домашна упитреба мерат ниво на БГЦГ .А бхцг почнува да се излачува дури откако ќе дојде до имплантација.Па ајде хипотетички да е погодена овулацијата и веднаш оплодена јк ба самата јк преку јајцеводите да дојде до матката за да се вгнезди и се потребни од 6-8 па дури и 10 дена за да се вгнезди па да почне да лачи хормон бхцг .Затоа и најсензитивните тестови можат да детектираат 8 или 9 дена после овулација (од прилика 5 дена до изостанок на менструација ) .За ова сум 1000% сигурна дека е така . А, и патем тестот кој ми го нудеше беше Селф Клир значи не е некое светско чудо и на самиот тест е нагласено 5 дена пред менструација ,ама еве фармацевтот мнпгу стручен па ни англиски не разбира
Ајдее друштвенце се собравте бременки Која завлече нога?! Хеххе Позитивен ти е. Честитки на сите, тебе на @Dzulija* на @АнаМаријаД И сѐ повеќе да има такви!