Овие се знаци на бременост: -Осетливи и отечени гради -Изостанок на менструацијата -Замор -Имплантациско крварење -Грчеви во долниот дел на стомакот -Гадење -Изострено чувство за мирис -Главоболка -Вртоглавица -Зачестено мокрење -Болки во долниот дел на грбот -Лакомост за одредена храна, а одбивност кон друга -Нагли промени на расположението -Запек и киселини
Осетливи и отечени гради Спојлер Само 2 недели после зачнувањето, Вашите гради веќе може да почнат да ги покажуваат првите знаци на бременост. Градите најчесто стануваат почувствителни, тешки, отечени и болни на допир. Вените стануваат повидливи, а бојата на круговите потемнува. Ова се случува затоа што Вашето тело уште одсега почнува да се подготвува за доењето на бебето. Изостанок на менструацијата Спојлер Ова е главниот симтом што ги тера жените да почнат да се сомневаат дека се бремени. Денес домашните тестови ја покажуваат бременоста со 99% точност. Ако Вашата менструација доцни, домашниот тест за бременост, би требало да покаже точен резултат. Ако добиете негативен резултат на тестот , а Вашата менструација се уште изостанува, повторете го тестот за 2-3 дена. Ако тестот покажува бременост, примете ги нашите искрени честитки и закажете преглед кај Вашиот гинеколог. Во Вашата утроба веќе е започнат нов живот. Замор Спојлер Заморот е еден од првите знаци на бременост. Може да чувствувате: исцрпеност, премореност и поспаност. Се јавува заради покаченото ниво на хормонот прогестерон, но исто така и заради намаленото ниво на шеќер или намалениот крвен притисок во раната бременост. Имплантациско крварење Спојлер Ова крварење се јавува најчесто пред очекуваната менструација и е многу послабо и пократко. Се случува кога ембрионот се прицврстува за зидот на матката, ако при тоа дојде до пукање на некој помал крвен сад. Грчеви во долниот дел на стомакот Спојлер Многу се слични на грчевите што се јавуваат во периодот пред добивање на менструација. Гадење Спојлер Така наречените утрински мачнини можат да се јават во било кое време на денот. Обично се јававаат 2-8 недели после зачнувањето. Можат да бидат пропратени со повраќање, но не секогаш. Можеби ќе приметите дека Вашето омилено утринско кафе веќе не ви е така пријатно или омилената храна веќе не Ви годи. Повисоките нивоа на хормоните ја забавуваат работата на стомакот, па тоа може да биде причина и за мачнините. Изострено чувство за мирис Спојлер Многу жени во текот на бременоста имаат изразено чувство за мирис, што дополнително може да придонесе за да се зголеми нагонот за повраќање Главоболка Спојлер Заради зголемената циркулација на крв, во раната бременост е честа појава на главоболки. Вртоглавица Спојлер Вртоглавиците се јавуваат заради намаленото количесто на шеќер во крвта, но и заради снижениот крвен притисок. Може да се јават ако малку почекате во ред во продавница, при качување по скали, ако некое време седите и сл. Зачестено мокрење Спојлер Ова е еден од првите знаци. Заради тоа што матката се исполнува со течност и забрзано расте, врши притисок на Вашата бешика. Дополнителен придонес за честото мокрење, дава и тоа што Вашето тело сега ќе треба да преработува поголемо количество на течности. Овој симптом нема да исчезне се до крајот на бременоста. Болки во долниот дел на грбот Спојлер Овие болки често се јавуваат уште на почетокот на бременоста Лакомост за одредена храна, а одбивност кон друга Спојлер Оваа позната појава е исто така последица на големите хормонални промени, кои се случуваат во Вашето тело. Нагли промени на расположението Спојлер Од смеење може да преминете во палчење и обратно, без навидум никаква причина. И за ова се виновни хормоните. Запек и киселини Спојлер Овие проблеми се јавуваат заради забавената работа на цревата. Како и за поголемиот број на другите симптоми, заслужни се хормоните
Фала. Но мислев на првите знаци , на пример после однос освен што се чека за менструалниот циклус по што друго можеме да познаеме , знам за гадење ..не знам што друго
Поспаност, благи болки во долниот дел на стомакот, отечени и болни гради.. Всушност скоро истите симптоми како пред добивање (доколку ги имаш, ќе знаеш отприлика).
pomognete mi .... deckoto mi mi go izgubil upatstvoto od testot za bremenost .... kako treba da go koristam testot ???
Ке мочаш во тоа сто е цревцето и ке капнеш неколку капки на тоа што е како памук,ке почекаш 5 мин и ако се појават две црти честито бремена си.Ова ти е најпросто објаснување.
Mi treba mislenje dali so pravo sum vo panika? Imam decko so koj imame odnosi bez zastita, no vnimavame. Mi docni, no mene sekogas mi docni po 2-3 dena, trebase da mi dojde na 8-mi a sega sme veke 13-ti i mene me fati panika. prethodniot mesec mi traese samo dva dena, iako obicno mi trae 3-4 dena, no toa e poradi toa sto postojano bev vo ladna voda i se proladiv(togas uste nemavme odnosi so deckoto). Pred nepolna nedela se vrativ od odmor, pa mozebi i promenata na klimata mi vliaela. Ve molam da mi kazete sto mislite dali ima sansi da sum bremena? [mod-kirilica:3u5hk2x0][/mod-kirilica:3u5hk2x0]
па ако не ти е првпат да ти доцно тогаш мислам нема место за паника...плус и ако сте внимавале,а и си била изложена на друга клима нормално е ,и мене ми се пореметува кога менувам клима
Почитувани најдобри сте Ве молам некој да ми каже кога се плодни денови??? Во паника сум имав циклус од 29-05 август, на 8 август со дечко ми имавме незаштитен однос, не е сигурен но мисли дека дел од спермата му излетала остатокот го видов и од тогаш само на тоа мислам и осекам некакви грчеви во стомакот ... Ви благодаpaм...
Здраво, јас би сакала да слушнам ваше мислење .. Вчера околу пладне со дечко ми имавме секс без кондом (траеше ептен многу кратко,ако може воопшто секс да се нарече .. а тоа беше воедно и мој прв однос), дечкото не ни сврши во мене но сепак знаете мене ми е страв :\ Заради тоа што ми беше првпат, не сум ни сигурна дека целосно ме скина, затоа што не осетив никаква болка ниту пак имаше крв .. меѓутоа тоа е нели индивидуално кај секого. Треба да добијам оваа недела, одприлика петок-сабота (19-20ти август). Исто така проверив, овие денови не ми се плодни. Мислите дека треба да земам од апчињата за ден потоа или да почекам да добијам? Според вас има ли место за паника?
Па тие апчиња се пијат кога ќе сврши во тебе и само еднаш во 6 месеци, значи нормално е на почетокот да си поиспаничена ама не можеш после секој однос да се секираш и да се клукаш со хормони! Јас лично сметам дека нема шанси за бременост, освен ако пред тоа брзо не свршил дечкото и во меѓувреме не уринирал иако и така шансите се минимални. Инаку можно е да ти касни и поради првиот однос, да не се исплашиш. Само дефинитивно од старт правиш грешка што имаш односи без заштита.
[Па тие апчиња се пијат кога ќе сврши во тебе и само еднаш во 6 месеци, значи нормално е на почетокот да си поиспаничена ама не можеш после секој однос да се секираш и да се клукаш со хормони! Јас лично сметам дека нема шанси за бременост, освен ако пред тоа брзо не свршил дечкото и во меѓувреме не уринирал иако и така шансите се минимални. Инаку можно е да ти касни и поради првиот однос, да не се исплашиш. Само дефинитивно од старт правиш грешка што имаш односи без заштита.[/quote] Јасно ми е дека направив грешка Го делам мислењето со тебе и мислам дека нема шанси за бременост, но сепак дека првпат и ... Ќе пробам да не се оптоварувам со тоа и ќе почекам да добијам. Фала за советот Јојоба
plodnite denovi zavisat od toa kolku ti trae mescniot ciklus,na primer ako ti trae 28 dena togas plodnite denovi bi ti bile verojatno 14 ili 15 den....mene mi trae 23 dena.i zatoa plodnite denovi mi se vednas po menstruacijata
Dali moze pri ciklus da se ostane bremena? Znaci mojot problem e sledniov,za vreme na menstrualniot ciklus ,mi bese 4 den po red,imav odnosi so partnerot i toa dva pati nezastiteno.Uste istiot den mi prestana menstruacijata,neznam sto e problemot,mozno li e da sum bremena? Do sega mi se nema sluceno da mi zavrsi za 4 dena ,a i porano sum imala odnosi za vreme na nea,ve molam pomagajte!!!! blagodaram
ми треба совет ми доцни 12 дена инаку имам нередовна менстуацја направив 2 теста за бременост и 2 беа негативни имам болки во долниот дел на стомакот како дека ке ми дојде а со дечкоми имавме незаштитени односи без кондом тој не сврши во мене дали е можно да тестовите да не се точни или не ве молам за совет