Здраво на сите, денес ми е 9 дпо веќе 2 дена имам мачнини по цел ден и вчера аверзија кон мирис на храна, тапи болки во долниот дел на стомакот по цел ден и често мокрење овие два дена, многу болни гради и апетит мислам мечка ќе изедам. Дали е рано за тест и можно ли е вакви симптоми толку рано да се јават?
Симптомите ги дава прогестеронот кој се лачи во втора фаза од циклусот, ама и во бременост. Значи, само тестот може да каже, ама сéуште е рано, почекај барем уште 2-3 дена.
Ја пратам и температурата преку FertilityFriend после овулација, значи баш од кога ми почнаа мачнините тоа е 7 дпо имаше видно паѓање ( мислам дека имплантацијата би можело да биде) и веќе вчера и денес е 36.80 36.90 степени. Ќе почекам уште некој ден за тест, првата бременост ми излезе позитивен 3дена пред менструација ама сега ќе си почекам.
Тогаш може да направиш и јас на апликацијата ги гледам графиците и вообичаено 2 дена по имплантација им покажува тестот. Јас најрано сум имала позитивен тест на 10 дпо, ама гледам некои со позитивни тестови уште од 7 дпо, иако мислам дека всушност имсле овулација порано отколку што мислат. Ај, ако правиш, кажи резултат.
Во принцип тсх е проблем, но штом си под терапија ќе биде во ред. Бебето ќе си зема што му треба. Проблем е ако не се примети проблемот и не си под терапија.
Здраво, да се надоврзм на мојот пост. Денес повторно направив тест за бременост. Што мислите? Јас гледам како бледа линија, или пак можеби е ецапорациска? Фала
Jaс не гледам втора цртка на ниеден од тестовите, можеби ти доцни од нешто друго, а можеби и ќе добиеш деновиве. Жештина, стрес, хормони... се си има свое влијание.
И јас така мислам дека е, затоа закажав кај интернист поскоро за да ми ја зголеми терапијата се надевам дека ќе биде добро. Фала ти за одговорот
Тестовите се safe and easy денес ги купив и тестот не го правев со првата мокрача. Имам уште еден, ќе го направам утре или задутре. Фала ти сепак за одговорот
Да ми доцни, и чудно ми е што немам никакви симптоми за добивање како порано, освен чуствителни и болни брадавици
Претходно имаше објавено позитивен тест од овулација пред да добиеш. Можеби си имала покасна овулација па затоа ти се негативни тестовите. Почекај ако не добиеш за неколку дена повтори го тестот, можеби е рано да покаже бременост сега.
Мене ми се гледа бледа линија. Јас вака ден-два пред да добијам, правев тест едвај се гледаше. Снимав со телефонот со блиц и само јас ја гледав, а маж ми не. Потоа секој ден по малце се затемнуваше. Ти посакувам среќа.