Па календарот смета по книга, значи ти покажало дека е на 16тиот ден ако израчунав добро. Не мора да значи дека бил баш тогаш затоа е подобро да си ги следиш знаците на телото и да приметиш дали воопшто имаш овулација бидејќи спомна хормонално пореметување. Ако подолго време имате обиди најдобро да појдеш на гинеколог во плодните денови за да ти потврди. Јас на пример забременив на 11ти ден од циклус значи календарот најверојатно не ми покажал точно.
Шо знам некако изместен е тестот унатре, да си напраам уште еден за сваки случај или да си почекам? 5 дена доцнење, градите денес дури почнаа да ме болат, друго ништо
Здраво девојки би сакала да ве прашам некоја со слично искуство Утре треба да не ми дојди но вчера долу кај левиот јајник буквално како некој да ме пресече со нож и веднаш забележав две точки кафено на гаќичките што досега никогаш не ми се има случено ,точна ми е од првиот ден на доаѓање Се чувствувам мн подуено и градите ме болат некои чудни бранови на жешко ,имам на моменти слаби менструални болки ,веќе 2 години се обидуваме Мислите дека овој пат би имало нешто
Луѓе, станав сеа и на бришење светло кафеаво и во него имаше точка мала темно кафено, можно ли е да е имплантациски, вчера тестот негативен..
Мене ми звучи како да ти дошло. Штом си правела тест, ваљда ти доцни. Касно е за имплантациско крварење, освен ако си имала доцна овулација.
Јас во 5 недела имав малку кафеав исцедок, малку повеќе од две точки, бабицата ми рече имплантациско крварење било. Бев зачудена како може во 5 недела имплантациско крварење, но малку пребарував и да може да се јави.
Може да биднало, но мислам дека ти пробива. Тие жешки бранови ги имав и јас додека се обидувавме, откако завременив повеќе ми беше ладно. Инаку направи тест најсигурно ќе покаже, симптомите се исти и пред добивање и за бременост.
Здраво девојки, претходниот месец ми дојде на 40ти ден во меѓувреме направив 3 теста и беа негативни, овој месец веќе е 42ри ден а сеуште немам симптоми, односи после последната менструација не сум имала, мислам дека за бременост шансите се 0% ама пак тоа што ми доцни ме паничи, сега примив и вакцина дали можеби е нешто од неа?
А да си отидеш на гинеколог? На толку каснење ако има бебе ќе покаже, ако нема, ќе ти кажат што е проблемот.
Ништо, на 37 ден ми дојде, не е возможно толку многу каснење, само се плашам вака. Од кога почнавме за бебенце, се ми касне вака, не знам зошто
Пијам контрацептивни веќе 6ти месец и секогашш добивав во вторник попладне. Пред повеќе од 2 недели имавме односи повеќе пати дневно, секогаш со кондом. Денес требаше да добијам но ништо, само малку кафеаво имаше еднаш и толку. Дали постои некаков ризик?
Ризик за бременост при кондом и таблети нема. Шанси скоро никакви. Другарка откако почна да пие контрацептива има многу многу слабо крварење.
Кога пиеш контрацептиви добиваш секогаш во исто време доколку секое апче го пиеш секој ден во исто време. Пример, јас добивав четврток спрема петок од 4h до 5h сабајле, тој период. @Mxrx Нема шанси за бременост доколку немаш пропуштено таблета, плус и со кондом. А не е време веќе да паузираш?
Сега требаше да правам хормонска проверка и пауза ама нема ништо.. Во еден период бев на одмор и ја носев таблетката со мене на плажа, да не губи ефект од топлина но на нив пишува дека не бара посебни услови за чување