Оди на гинеколог,мене ми доцнеше две недели и јас бев убедена дека е бременост во прашање,па излезе дека сум имала циста..не сакам да те плашам немора да е поради тоа може и да е поради друго нешто,но нај сигурно ти е да си посетиш гинеколог. Убав ден
Може да ти доцни од стрес, промена на клима, хормонски дисбаланс... Опушти се, ако не добиеш за 2-3 дена оди на гинеколог.
Па искрено се сомневам,бидејќи вчера цел ден немав јадено ништо се ми беше бљак и градите ме наболуваат по малку,ми е страв да направам тест бидејќи до сега сите ми биле негативни
Пред се треба да се смириш. Колку повеќе се стресираш, толку повеќе ќе ти доцни. Ти ги прочитав мислењата и и јас сметам дека не си бремена ако се се случило така како што кажуваш. Има мал милион причини зошто ти доцни од земање на лекови, настинки, промена на време па до посериозни работи, не мора да значи дека е бременост. Но, те молам нареден пат ако не се сметаш доволно спремна било психички, физички - немај односи. Верувај нема ништо полошо од тоа да се впушташ во нешто со страв. Јас би ти препорачала да почекаш уште ден, два па ако не ти дојде оди на гинеколог. Ако ќе те смири тоа, направи и тест. Не те кошта ништо.
Јас имам едно прашање може е малку надвор од темава, дали на некоја и се има случено да има крварење за време на овулација и после да останала бремена?
Јас имав капка кафено за првпат овој месец за време на овулација. Дали ќе останам трудна, ќе видиме за ден-два
Да пишеш обавезно, мене ми е 15 ден вчера и завчера бев во овулација,тестови за овулација правам а и си ја осеќам затоа знам и денес еве розево на гаќите и на бришење крв не е воопшто обилно ама прв пат ми се случува дури и се извадив од памет
https://www.toplinemd.com/womens-healthcare-of-boca-raton/bleeding-spotting-during-ovulation/ Сосема нормална појава, немаш од што да се плашиш.
Фала ти,дека прв пат ми се случува воопшто во животов,поготово од кога пробуваме за бебе затоа се уплашив,а и дека вчера и завчера ми беше овулација денес веке послабо и затоа прашував дали има некаква врска крварење во овулација со забременување ама ок е
у право си,бев и на гинеколог чисто да се осигурам рече од овулацијата е ништо страшно,спремна е за оплодување,плус готово прекина крварењето
Девојки денес требаше да добијам, но не добив. Обично ми е редовна на 28 дена и не ми доцни, но во ептен ретки случаеви се случило да ми задоцни ден-два. Правев тест, но не со прва утринска и излезе негативен. Вчера имав краткотрајна болка (како боцкање) во левиот јајник во неколку наврати. Одвреме навреме имам болки и во половината. Дали и покрај негативниот тест има шанси за бременост или да си се помирам со негативниот тест?
Секако дека има шанси, можеби си имала доцна овулација и е покасно зачното па затоа е рано да покаже на тест. Повтори го задутре со прва утринска и ти посакувам две цртки
Никој не може да ти даде точен одговор на тоа прашање. И јас имам секогаш точна менструација и направив тест на првиот ден од доцнење и не со прва мокрача и излезе позитивен. Зависи од каков тест си користела. Земи нов пробај со прва мокрача или директно иди преку крв.
Благодарам на одговорите девојки, ќе почекам уште некој ден. Инаку секогаш користам Self clear бидејќи го сметам за најсензитивен. Доколку не добијам за 2-3 дена ќе го повторам тестот и секако ќе посетам гинеколог.
Се уште не добив. Денес ми е 8ми ден од ко требаше да добијам. Ме болат градите на допир и во текот на денот неколку краткотрајни болки во јајниците. Не дојде до свршување, немавме ни целосен однос. Не знам дали да почекам или да направам тест.