Каков е овој тест, од аптека или интернет? Ако е од интернет, направи и друг од аптека. Ако и е и тој позитивен, тогаш честитки и убава бременост .
Овој не е од аптека, но сега купив од аптека Clear Blue. Само да даде Господ да биде се како што треба. Фала ви
Ти благодарам А инаку симптоми освен пто ми доцни, имам многу болни гради и болки во долниот дел на стомакот како менструални (само не толку јаки) посебно кога станувам траат неколку секунди и престанува и тоа ме многу плаши мислам ќе добијам секој момент, ми е страв да се израдувам на тестот . Нека кажат по искусните членки дали е тоа нормалноИ осеќам малку како подуеност. Сега за сега само тоа.
So srekicka i so ibavo da ti e, eve se pokazuva deka ne sekogas 2+2 vo medicinata e 4 bravoo mila ima nadez za sekoja od nas
Девојки на 9ти овај месец имав овулација, после два дена имав болки кај папокот и болни гради ( кои уште траат)., а вчера и денес имав кратко пецкање на левиот јајник. Треба да добијам утре а немам никакви сиптоми освен надуен стомак, болни и потечени гради...
Да се надевам дека ќе бидат сега || бидејќи немав редовна менструација а исто и овулација, а овај месец баш ја пратев овулацијата со правење тестови...
Извини по грешка го избришав коментарот. Ти посакувам две цртки. Штом точно си фатила кога ти била овулација, многу е можно. Среќно
Има некој што останала бремена на прв ден од менструација? Поминати се 24 дена од тогаш и денес имам многу нагон на повраќање и мачнини слични на возење во кола. Можно е ова да е некој симптом? Менструација имав само 2 дена (нормално е кај мене секогаш до 3 дена макс слабо крварење). Од тогаш до пред две недели немавме воопшто обид со свршување внатре, а симптом да имам по 2 недели зачнување не верувам. Само тој однос на прв ден менструација ме буни. Ако правам тест сега ќе покаже нешто?
Тест би требало да покаже, за останување има што останале бремени со менструација, поретко, ама има. Е сега гадењето не верувам дека ти е од евентуална бременост, ако си бремена би била вака груба проценка околу 2 и пол недели, а гадење се појавува кон 5та недела, ама направи си тест најсигурно е така, со незаштитен однос секогаш има шанса за бременост. Среќно
Ви благодарам. Имам уште 5 дена до добивање ќе почекам ако ми доцни ќе правам тест. Овие мачнини ме збунија и како грчеви за дијареа, а немам дијареа. Ќе почекам уште малку па ќе видам што ќе излезе од ова, имам лошо искуство од правење тест порано
Девојки здраво, нова сум на форумот и се надевам дека ќе се дружиме и ќе си помагаме. Со вереникот имавме однос на 18. 09 а последна менструација ми беше на 30.08, ми трае околу 4 до 5 дена, според апликацијата што ја имам во телефонот овулацијата ми била од 8 септември па до 17 септември, меѓутоа морам да напоменам дека циклусот ми идеше на на 28 дена 30, 35, па на 23 дена последниот месец, никогаш значи точно на датумот . Треба да ми иде на 29.09, а мојот ми вели дека има свршено во мене, искрено имавме многу обиди па очајнички сакаме две цртички, па прашањето ми е после колку дена можам да направам тест? Сакам ваши мислења. Ви благодарам многу ☺️