Да почекаш да ти задоцни 5-7 дена. Јас имав направено 4 дена пред да добијам беше бледа цртка после неколку дена пак направив искочи појака линија. Со среќа
Здраво девојки, ми доцни два дена, дали доколку би направила тест би бил точен, пред недела две имав силни болки во долниот дел од стомакот и незз дали од самата помисла постојано ми е лошо имам некој нагон на повраќање и ми се врти?!
Testot negativen a jas postojano imam vrtoglavici i mi se gadi, dodeka dobijam strucen odgovor, dali nekoja bila vo slicna situacija
Да, мене ми беше така пред да добијам(најверојатно симптом на пмс е или некој проблем со хормоните). Сепак можеш да направиш уште еден тест чисто за сигурност.
Купи си self clear, јас, а и повеќето членки имаме лоши искуства со sure check - бремена бев а негативен ми покажа
Ви благодарам ке земам таков па ке видиме, туку дали пред да дознаете дека сте бремени сте ги имале симтомите како да ке ви дојде болка во стомакот и во грбот?!
Исти симптоми само што не дојде, се шетав со влошка мислејќи секој момент ќе пробие така цела недела и по 5 дена доцнење направив тест, би сејф направив обични ленти се ама многу добри одма се покажа втората линија можам да речам и во исто време со првата како излегуваше така и втората.
Здраво ве молам за мислење, во август имав менструација на 6ти и на 29ти фактички два пати но тоа ми се случува еднаш годишно...Со дечко ми имавме незаштитен однос на 12септември каде што не сврши воопшто но јас многу паничам и вчера на 22 септември правев тест self clear каде што испадна негативен ве молам за ваше мислење дали е можно да сум трудна
Здраво девојки повторно, вчера вечер ми се јави болка во половината која траеше околу 1 час а исто така имав голема болка во долниот дел од стомакот проследена со грчеви баш исти симптоми како што ми иде менструацијата, ризичен однос имав на 18.09 а треба да ми дојде на 29.09 (значи за неколку дена), околу 4 часот сабајле се будев за во вц меѓутоа видов неколку капки крв на гаѓичките па си реков дека ќе ми иде и ставав влошка ама кога се будев на неа имав скроз малце крв и од тогаш немам ништо, иначе мерев температура сабајле ми беше 37.3, ме бунат симптомиве бидејки сега немам воопшто ништо, па сакам да слушам ваши мислења и искуства, ви благодарам однапред.
Може да било имплантациско крварење, се поклопува баш 6 7 дена по ризичен однос. Почекај до денот на менструација па прави тест, ако има бременост нема сега да ти покаже зошто хцг хормонот ќе почне сега да се лачи.