Честитки и со лесно! Дали го правеше тестот пред терминот за добивање? Се мислам дали да правам, во вторник мислам дека би требало да ми е мене тогаш терминот
Јас и мојата ситуација Ми доцни 16 дена, неколку денови пред датумот за добивање градите ми станаа поосетливи, и еве уште се, осеќам повремено слаби менструални болки, тест негативен после 10 дена доцнење. Претходно, два пати ми се случи ова, ама препишав на прележаната корона. И кажав и на матичната за ова, рече можно е да било последица од короната. Инаку, крај на август бев на контрола, на ехо се беше чисто, брисеви чисти. Била некоја во слична ситуација? Секако ќе одам на преглед, ама веќе психата ме мава
Да си провериш хормони, истото ми се случуваше и испадна дека имам покачен пролактин. И секако обавезно разговарај со матичниот.
Здраво девојки,имам сомнеж дека сум бремена, но ми дојде, дали ќе ми биде точен резултатот од тестот ако го направам одма по завршувањето на менструација?
Феминки дали има некоја примано терапија со метформин и ппсле колку време останала бремена ? Јас ги пиев бидејќи имав нередовна менструација и покачен тестестерон....бацки до сите
Мислам дека е невозможно да се менструира додека има бременост. Најдобро по завршување на менструација да посетиш гинеколог ако си загрижена.
Ако си сигурна дека ова ти е менструација а не имплантациско крварење мислам дека се мали шансите за бременост ама пак можеш после менструацијата да отидеш на ехо, тоа ќе ти биде најсигурно
Ако крварењето ти е менструално не си бремена, но ако е поразлично пример: кафеав/розев исцедок, тогаш има шанси за бременост и не мора да чекаш да заврши можеш да направиш тест порано.
Доброуто девојки, пишав овде минатиот понеделник кога добив позитивен тест со бледа линија. Тестот го повторував оваа недела преку еден ден и линијата ми изгледаше се потемна. Утрово се разбудив со помала болка во градите и отидов да направам пак тест и денес линијата ми изгледа побледа за разлика од вчерашниот тест, а во четвртокот кога ме гледаше док на ехо кажа дека не може ништо сеуште да виде и ми закажа за една недела да идам пак. Но сега ова со тестот ме загрижува, а и симптомите ми се губат.
Не знам дали и двата ти се правени со утринска урина. Има разлика во цртката ама можеби брзо пред денешниот тест си била во вц па не била доволно концентрирана. Тоа што се губат симптомите не е за загриженост. Има милиони жени што немаат никакви симптоми во текот на целата бременост. Најдобро е да направиш бета денес, а после 2 дена да ја повториш и да видиш дали се дуплира. Не се мачи со тестовите. Со среќа!