И вчерашниот и денешниот мила не е со прва мокрача за тоа се загрижив. Во Четврток имам повторно термин кај док. И тогаш ми рече тој ке провериме и преку крв.
Мене и двата теста ми изгледаат на супер позитивни, воопшто не се бледи цртките. Биди спокојна и мирувај, се ќе биде во ред. За да не мислиш направи бета, може ќе те смири резултатот. Со лесно
Дали имаш правено некое испитување,брисеви,пап,ехо,хормони да провериш за почеток да видиш дали ќе се добри?
Не знам дали ти касни. Тестови најдобро е од сабајле со утринска урина. Плус избегнувај Шурчек, многу често се невалидни/неточни.
Супер, нека ви е жива и здрава. Но знај брисеви, хормони и спермограм се променливи работи, незначи дека ако еднаш - двапати биле добри така и ќе остане. Само те насочив Среќно
Кога испитуваше хормони? Чекаше трет ден од циклус или било кој ден може? Денес имам закажано, ќе видам што ќе ме снајде
Ми го сменивте мислењето за Шурчек. Значи, велите овој да се избегнува. А, јас па си мислев нешто како реклами, ова она , луѓето го зборуваат насекаде. Ама, изгледа само името им било такво.. А инаку кои тестови се најточни / прецизни ?
Чекав трет ден од циклус првиот пат, и тогаш ми покажа висок пролактин, ми даде бромергон да пијам, па по еден месец пак да проверам (отидов тогаш било кој ден). ајде кажи ни што сј направила, и да се покачени не се секирај се средуваат со терапија.
На ехо се е чисто, нема цисти. Здебелен ендометриум, рече можно е и да е бременост покасно настаната. За две недели ќе одам пак, ако не добијам ќе испитаме бета тогаш па ќе видиме. А ако добијам, ми даде упат за да испитам хормони на трет ден. Тироидни хормони испитував крај на март, рече да и ги однесам за да спореди. Решив тест да не правам пак, ќе чекам до 15ти. Доста ми се разочарувања
Аа секоја чест и за олку трпениее, јас до сеа 5 пати бета ќе имав направено и мене на почеток ми рече на ехо не се гледа ништо, ми даде упат за бета на клиника и не можев да чекам резултат до 15h, си појдов и во биотек на приватно ти стискам палци за позитивно тестче.