Ми доцни два дена, имав однос не заштитен, ама не сврши во мене. Дали е можно да сум бремена? Да не е рано за тест.
Девојки со денови не спијам, нервоза тешка ме фати. За тие што не знаат пред 6 месеци се породив. Од тогаш добивав редовно околу 12, 11ти...е минатиот лесец добив на 5ти, а овој месец уште немам добиено. Правев тест завчера негативен(односи имавме само еднаш минатиот жесец,и тоа не до крај, зошто ме боли лошо сум зашиена,значи надвор се заврши работата,не ни дојде во текот на односот до пред свршување) Пуста психа ме уништи. Ќе закажам утре гинеколог, а во случај да сум не дај Боже трудна, има ли сега легален начин за абортус без да биде несшто со потврда за деформитет? Многу сум исплашена, само уште тоа ми треба.
И на државно направија да можеш да направиш абортус ако ти сакаш без комисија. Али не е можно да си бремена се знае како се останува мора да сврши за да има бременост. Ти касни од стрес повеќе или настинка ако си имала, вирус итн. И мене ми се погоди еден месец две недели да касни тестови негативни и на крај добив и после тоа пак на 28 дена си доаѓа. Штом тестот е негативен немаш простор за паника. Евентуално провери си бета преку крв и ќе видиш
Леле знам, и додека пишував си викам алоо мора да сврши за да си трудна, ама ме изеде психа, ми каснеше само кога бев трудна и сеа не можам да спијам. Знам дека и година дена може да потрае додека се регулира циклусот, ама јас од прв месец си добивам редовно и сега сум паники. Спојлер: Тест Зачував и слика, апла си е негативен нели?
Пре негативен ти е, и сама кажа не сте довршиле до крај. Може сеуште нее регулиран циклусот. Освен ако сте имале уште некој пат однос па да се замислиш, а вака тешко. И мене ме фаќаше страв како тебе имав 2 ризични ситуации со мм, ама кога добив немаше посреќен човек од мене.
Девојки, мала помош Ми доцни два дена , ги имам сите симптоми за добивање веќе неколку дена Направив Тест Sure Check…. Има бледа втора црта Што значи тоа еве ја и сликата
Овој тест укажува на бременост, позитивен е! Од срце ти честитам. Да си имаш лесна и школска бременост, со здравје да си носиш
Благодарам многу Јас сум уште несигурна, чекаме две години на ова Ќе земам утре уште еден тест да си потврдам
Ако, не е лошо да направиш уште еден. Понатаму можда ќе треба и преку крв, тоа во договор со гинеколог. За да видеш колкаво е нивото на бетаHCG. Е, ти посакувам да видиш 2 жар црвени цртки, па после на радоста да и' нема крај