Морам да промрчам на темава. Добро бе девојки НОРЛЕВО не е Ц ВИТАМИН!!! Што правите бе вие со него, си играте како да е најбезазлено апче. Аман едуцирајте се мајку па после легнувајте со машко а не овде небулози да поставувате. И да имаше некој кој праша каде е еко на фемина. Девојко, нема ехо на Фемина туку веќе преку глава и дошло на Славица од вашуте глупи прашања па така напишала. И уште нешто, има доктори што се викаат ГИНЕКОЛОЗИ. Не јадат луѓе, нема да ве убијат ако отидете и нема да се смеат на ниедно прашање што ќе им го пставите.
Да,знаеме што е норлево! но,кога си толку испаничен и исплашен правиш работи што може не си ги мислел...Да ,треба повеќе едукација ,но и кога се случи нешто на што никогаш не си помислил и кога ке ве поведе страста....Мислам дека се дозволени секакви прашања доколку нешто не им е јасно на некои.. а како што забележав постојат многу добри луѓе на кои сум им многу благодарна и верувам дека не им е тешко да вратат на некои прашање па колку и да е просто
А и не за секои слачаеви е потребен гинеколог ,па тука се прашуваме.. а и не се сите толку лесно осмелуваат да отидат
Epa mene mi bea prvo na 05.08, no bidejki ushte nemam dobieno mi se pomestia na 09.08, deneska napraviv test i beshe negativen, no ushte nemam dobieno.. Seushte se nerviram poradi toa, a moze i toa da e pricinata zoshto ne mi ide
Помош значи имав односи со дечкото без кондом и сврши надвор и после тоа имавме пак...вториот пат не сврши воопшто...а мене ми доцни еве веќе 7-8 дена.пред 5-6 дена направив тест за бременост и испадна негативен но мене сеуште ми нема дојдено.можно ли е да сум бремена ?
Можно е бидејќи сперматозоидите од првото свршување остануваат во каналот и се исфрлаат со предсемената течност . Затоа Спојлер ова го имам кажано 984989989 пати досадна си станав втора-трета рунда секогаш со кондом, или ако е без кондом задолжително мокрење и миење на половиот орган на партнерот. Сепак не паничи почекај уште малце па направи уште еден тест, 7-8 дена каснење не е многу.
Што има толку страшно да идеш на гинеколог???? Како дупло постара од тебе, можам да те посоветувам дека после првиот сексуален однос се оди на гинеколог. Јас уште пред 15 години, пред да почнам со сексуални односи прво бев на гинеколог, за да си прашам од прва рака што се рекло , како да се заштитам, кои се опасностите од болести и ред други работи. Плус во ова време на дистапност на податоци да поставуваш прашања од типот , не сум скината ми сврши надвор од вагината дали сум трудна, извини ама не да ти е глупаво него преглупаво прашањето. Да не мислиш втор Исус безгрешно зачнат да раѓаш??? И со кој памет на 17 години земаш Норлево на своја рака. Па тебе бре дете не ти се ни средени хормоните, знаеш ли каква беља можеш да си направиш во организмот од тие хормони. Плус на овие температури, на многу девојки и жени им е поместен циклусот. Не паничета за џабе. Така лесно бремена да се остануваше, немаше да има ин витро, и сите ќе се пазевме до брак или сите невести ќе беа со стомак до заби. И да, никој со сигурност не може овде да ви каже дали сте бремени. Никој не може да ви каже кога висе плодни денови. Тргнувам од себе си. ЈАс си мислев дека ми се на 14 ден од циклус , зашто ми биле тка од кога сум добила на 12 години, за пред 3 месеци докторката да ми каже дека сум плодна одма после мензис. Затоа ве советувам да си одите на гинеколог, или разговарајте со општата, матичната докторка. Кога станува за здравје пред доктор нема срам. Прашувај се што сакаш да знаеш, затоа се тие тука.
Феминки јас сакав да ве прашам дали знаете колку се сигурни Норлево апчињата за ден потоа...Дали 100% можат да ја прекинат бременоста? Моментално го немам тој проблем ама...Who knows ... еве се деси нешто несакајќи после за кај сум И да, досега не сум користела пошто се пазиме ама би сакала некој ако знае да ми објасни малце..
да се надоврзам погоре на девојкава која нели кажува дека неможе секој (да се осуди) да оди на гинеколог така лесно зошто бе да не одите? После првиот однос во вашиот живот вие треба да почнете со редовни контроли на доктор? Што е толку срамно страшно незнам? И после ке биде прашања од типот,ми касни бремена ли сум? овде не сум прочитала ни една да е гинеколог а и ние што сме имале некои искуства од тие прегледи бремености или абортуси неможеме да ви помогнеме со да или не секој човек е различен...пак ке кажам ок е едно прашање (и јас сум поставувала) ама не чекав овде да ми потврдат дали сум или не сум бремена...и wtf со овие таблетиве за ден потоа ги пиете почесто од јас аналгин што пијам Не сврши во мене ми касни бремена ли сум?-Од што ке си бремена бе ако не свршил
Кога ќе се деси тогаш му ја мисли . Убаво што сакаш да се едуцираш, на гугл пиши Норлево и ќе ти излезе обемна литература за читање
Гинеколог е потребен во секој случај, па и пред воопшто да има случај. Ако гинеколог заменуваш со дијагноза на Фемина што ти ја дале, не знам шо да ти кажам. Никој не може преку форум да ти каже дали си трудна или не. Треба сами да трчате на лекар и да се интересирате пред воопшто било што да направите, не да се срамите дека меѓу нозе треба да ве погледне. Здравје и живот се во прашање, ваши, шо ти вреди после "страста ме поведе"? Кога ти касни циклус, прво нешто што се исклучува е бременост. Нит ти каснело, нит свршил во тебе, плус Норлево си си испила, а не знам зашо. Минимум 6 месеца не можеш да пиеш пак.
Да ,тука си во право ..само се надевам дека не е ништо зошто не сум имала односи ама по се што прочитав главата ке ми пукне веќе! а ми сврши на вагината ,можеби и на хименот ама не сум скината,некаде прочитав дека немало тоа врска(дека имало невини а бремени) и затоа испив Норлево.. Би требало да ми дојде околу 1ви ,но ми останува само да чекам па ке видиме ..
Инаку, Peperutka20 : За Норлево што читав пишува дека во првите 24часа спречува бременост до 95% а потоа се намалува дејството ,но важи само доколку се испие во првите 3 дена по односот..
Јас и дечко ми имавме односи на 14ти месецов а тогаш одприлика ми е овулацијата.. Користевме кондом а и тој го извади пред да сврши. Но само 5-6 дена подоцна почна стомакот да ме боли некако како да ми се повраќа имаф мачнини, градите ме болат на допир и во вечерните часеви последниве 2 дена ме болеше глава.. Немам повратено и одев во ВЦ мн често ама тоа дека сменив мн надморска височина и пиев мн вода сокови чаеви јадеф и супи.. Е сега тоа што ме буни е дека дечко ми го загрижувам јас, а мене ме загрижува тој, вика дека имало во кондомот надоле потечено сперма ама немало излезено од "ластикцето" па сега незнам што да мислам.. мислам дека се е во ред дека треба да ми дојде за 5-6 дена, па сеуште сум во исчекување и многу ме измачува. Упорно си кажувам дека се е во ред.. а и нешто кашлав и имав проблеми со гасовите па си викам можно е и да ми е од тоа.. Дали е само лажна тревога? Само паника ме фаќа ? х)
имав однос со дечкоми а 17 и требесе да ми дојдит денес но имам некој болки од време на време во долниов дел од грбов и нешто ко да ми се превртвит во стомаков можно е да не ми имат дојдено зс сум под стрес??/
сакам да прашам си имам редовни односи и секогаш било се во ред.сега пред некој ден пак имав и за време на сексот прокрварив а беше нормален секс не ме болеше од поке или нешто друго... а и требаше да ми дојди меструација. и знаев дека е од тоа. но прокрварив малку и сега повеке немам. не знам што може да е во прашање ? А дека сум скината сум и не верувам дека е до тоа дека не сум била скрос ... ВЕ молам за одговор... ако знаете нешто во врска со ова ..знам дека треба да почекам да ми протече повторно но за тоа време ... во шок како да сум
Ве молам за помош...Бев на гинеколог поради мојата нередовна менструација и ми рекоа дека имам проблем со цисти или слично не знам точно и дека поради тоа не можам да останам бремена,јас еве еден месец како немам одено да го решам проблемот а имав односи и заштитени и незаштитени но нормално секогаш внимававме..скоро правев тест и покажа негативно но не им верувам многу на тестовите,она што ме плаши е кафеавиот исцедок од денес,не знам што значи тој ако има некој слично искуство или знае нешто за мојот случај го мооолаам да ми каже...однапред благодарам
Вака како што ми имаше кажано гинекологот да ги рачунам Не-плодните денови : една недела пред да дојде и една недела одкако ке заврши ...
Како не можеш да останеш бремена ако имаш полицистични јајници? Кој ти ја кажал таа глупост И јас го имам истиот проблем имам одено кај еден куп гинеколози и сите ми кажаа дека полицистичните јајници не се проблем за забременување Ако не им веруваш на тестовите, а се сомневаш дека би можело да има нешто тогаш оди направи тест преку крв, најсигурен е