Доколку си имала незаштитени односи, секако дека е можно. Честопати во рана бременост жените имаат "крварење", имав и јас во 6та недела и другарка ми имаше во 6та и 9та недела минимално. Ти препорачувам прво да си направиш тест, доколку испадне негативен тогаш најдобро е да отидеш на лекар и да си провериш, можеби е резултат на некакво пореметување, стрес, циста итн итн.
Ах девојки фала ви од се срце. Направив крвна слика за утврдување, hCG-то ми беше 135. Потоа бев на гинеколог и искрено малку ме збуни. Прво ми рече дека според него треба да сум 6та недела бидејќи последниот циклус ми бил на 03.12.. Пробав да му објаснам дека плодните денови не ми се на 14ти ден наназад од денот на добивање и дека немам редовни циклуси туку од 35-40. Исто така му кажав дека пред 4 дека настанало прокрварување, но мислам дека некако чудно ги рачуна плодните денови... На ехо на матка и вагинално ми рече дека гледа нешто како сенка но не е сеуште сигурен. Кое е вашето мислење девојки околу оваа тема? Немам памет веќе. Се договоривме во сабота да повторам beta-hCG. Исто така, освен тоа денес добив и позитивен тест на корона...Имала некоја вакво искуство? Навистина сум многу исплашена...
Дали правеше тестови за овулација или можеби си ја осеќаш па знаеш пред колку дена ти била? Ако ти била подоцна, да речеме пред 14тина дена бетата си е сосема во ред затоа што си останата бремена подоцна. Нема начин да се види дали е во ред бременоста уште сега, ќе повториш бета за два дена и ако се дуплира правилно на добар пат си. Гинекологот прв треба да знае дека не сите овулираат на 14ти ден Честитки и држам палци да биде се во ред Околу ковидот, немам искуство можеби некој друг ќе ти сподели, јас само ти посакувам брзо и лесно да помине, многу трудници имале ковид и поминале без последици...само позитивна мисла, ќе биде се во ред
Нормално е да не се види на ехо зошто бетата е мала. Над 1500 мислам треба да е за да се гледа, само смирено сабота направи нова бета
Јас не сум трудница ама сега прележав ковид по втор пат (невакцинирана). Многу лесно го поминав: два дена температура 37,3, затнат нос и болки во мускули. Третиот ден бев веќе многу подобра, четвртиот ден веќе без симптоми. Ми препорачаа многу витамини, покалорична храна и најважно течности од 3 до 5 литри на ден (супи и чаеви). Не се плаши и немој да си правиш дополнителен стрес, ќе биде се' во ред
Оди на друг гинеколог. Не се плаши, според бетата е рана бременост но сепак оди на друг гинеколог, постручен. Со лесно
Здраво женски, Имено во декември имав менструација од 18-24ти,на 25ти имав односи со сопругот со кондом,но кратко траеше и не ни сврши. На 04.01. според апликацијата ми е ден на овулација,а истиот ден јас имав температура 37.6 , 37.9 и печење(како болка) околу половината (напред кај јајници и позади на крстот (на допир јајниците не ме болеа) ,после овој ден 3 дена имав ненормални болки во крстот и нозете. Е сега проблемот е што требаше да добијам на 18.01., но мене ми касни веќе 6 дена. Искрено не можам да разберам дали р можно да е бременост или пак нешто друго... Воедно овој месец почнав да пијам апчиња Небилет( бета блокатори ) за тахикардија,а користев и бетадине вагиналети. Што мислите ,можно е да е бременост во прашање или нема шанси?
Немавме ниеден друг ден,само тогаш,но тогаш беше ден по завршување на менструацијата. Редовна менструација имам ,не ми каснело ни 1 ден,секогаш на 18то добивам,ме чуди ова што имав температура баш на ден на овулација. Дали е нешто од тоа,или случајно поклопување со некој вирус...
Температура висока 37 со 9, не се крева толку од овулација, ниту од бременост, тоа е веќе температура над нормала и нешто си настинала во моментот. А бременост нема шанса.
Работава ако кивнал дали може да сум трудна. Дај луѓе образовајте се за да дојде до бременост треба внатре да сврши. Од таблетите ти е каснењето, а највеќе од стрес.
Види вака, веќе имам едно дете 2ипол години,лани останав бремена а немам појма како,исто немав ризичен однос и не свршил во мене. Што значи кивнал и сум останала бремена нели? Штом тогаш сум останала бремена туку така , зошто да не помислам дека и сега не сум останала бремена?