После ова што прочитав како ние кое сме останале бремени од прв пат,, кој намерно кој не, како да сме им виновни на тие кои не остануваат со години. За прво од еднаш се фати за второ 2 години немам останато бремена, добро знам како е да си и од едната и од другата страна. Нека им даде Господ на сите полни раце, нека е забавено да не е заборавено!
А бе ок, како сакате сфаќајте. Таа која не осетила тешкотија бременост, лесно си коментира, се прави на три и пол. Впрочем, не ме ни интересира интимата на други луѓе, ептен блиска личност да ми е, тогаш ок, ќе ја дознаам поголемата слика. Ама, правдање како настанало некое дете, ми е нонсенс. И тоа во брак се луѓето. Ајде за првпат ако се случила "беља" меѓу дечко и девојка кои се занесле и биднало на несакање. Ама во брак како може поинаку де, и што потреба правдањето како настанало бебето? Тоа ми е глупаво, од една страна е интимна ствар, од друга е осетлива тема. И ќе се правиме на тошо лелее а бе ме погледна маж ми и забременав - муабет. Мислам на што личи тоа, фалење колку ѝ успева да забремени? Што поента од таков муабет? Еве две сестри да се. Едната што добила од незнање ќе ѝ расправа на другата што се мачи да добие со години? Малце и етика и емпатија овде се мешаат. Зборувам за луѓе со кои сме во контакт, со кои лично се знаеме. Не го сметам форумов, бидејќи овде која може што сака да пише. Не се познаваме ко карактери.
А мора специјални снегулки и жртви на секоја тема? Членката ниту се испофали, ниту тебе те тагна па да се пронаоѓаш во коментарот. И дури и ако сака некоја да се пофали, ќе се пофали, нејзина работа е и нејзино право, си се радува и ќе се пофали. Ко што се објавуваат во темата "Што последно си купивте" секакви скапи работи, додека некој во светов нема леб да јаде, така исто и ова. Јас ако имам некој проблем, не значи дека другите треба на јајца да газат околу мене. Мислам, ај да ти се обратеше тебе лично со пофалби, ајдеее. Буквално дојде за себе да си праша. Нема тука ништо неемпатично или неетично, не ни должи никој ништо. Едно е да ти го уфрла некој во фаца цело време, друго е да ги пратиш членките по темите што рекле дека од прва забременале и да ги цитираш. Ова и во друга тема го имаш пишано на друга членка и затоа те цитирам. Осетлива тема не е само забременување, милион осетливи теми може да има, може некоја дома да нема пари и 3 дена да јадат ист ручек, ти да и речеш дека ти е мака да готвиш и секој ден ги носиш децата во ресторан. Не е осетлива темата, осетливи се луѓето со некои си очекувања.
Не коментирав за членката конкретно. Туку си коментирав од мое искуство, за мои познати личности. Се надоврзав, да, ама зборувајќи и мислејќи за такви луѓе кои ги имаме во опкружувањето. Затоа реков дека таквото фалење ме иритира од познати луѓе, а не од форум. Форумов не ме иритира, ме иритираат луѓе кои ти ја познаваат приказната со некое поврзано прашање и немаат осет за тоа што го велат. И ниту цитирав некоја конкретно кога забременила и дали овде на форум се фали или како и да го претставува тоа. Кажав за луѓе што лично ги знам, значи во живо можеш и израз и гестикулација да видиш. Темата е да осетлива и неспоредливо е за споредбата со парталче купено. Точно, за материјални нешта светов е суров, и секој еден на мрежите може да се фали што поседува. А за имање дете е друг тип на тема, тука малце осет не е на одмет, барем во зборовите. Да, треба на јајца да газат, ако блиски другари другарки знаат низ што сум поминала, пример. Или барем нека има доза утешителност во зборовите нивни, а не фалбаџиство и чудење во брак како дошле децата.
Темава буквално се вика "Дали сум бремена" и членката токму тоа го праша. Не служи темава за надоврзување и раскажување случки од приватен живот и гилт трипови на членки што прашале најнормално прашање.
Да имаш веќе едно дете и да поставиш такво прашање е смешно нај искрено. Како може да користиш кондом, а да забремениш освен ако не го дупнал некој или се заебава свесно на темава. За ова беше целиот муабет. Се знае како се прави дете со секое свршување внатре во било кој период од месецот можеш да си трудна. А да имаш однос со кондом и да не сврши како може да си трудна? Да не е мачкан со сперма наместо со лубрикант?
Кога не планираш бременост, а ти касни, можеш и тоа како да се испаничиш и после да ти изгледа преглупо и нелогично.
Не постои не планирање. И на мочање кога ќе отидеш ќе ти искочи течност и ќе мириса. Башка треба количина на сперма за бременост. Работава невина сум и трудна.
Леле луѓе што толку ја нападнавте жената. Се останува трудна и од предсемената течност, мал процент е тоа ама сепак постои. Не ја тенчите толку....
Не е битно тоа ич. Битно е дека поставува прашање и и велиш дека не е можно. Натаму поврзување приказни од личен живот, па увредени, нема никаква смисла.
Битно е. Да ја праша тинејџер како се останува бремена нема да знае да објасни. Зашто ни самата не знае како останала.. и дека од кондом и од несвршување не се забременува. После напаѓате 16 годишни кога ќе дојдат со истово прашање - "кога не знаете што правите што се впуштате во односи".
Да де, жена во брак се чуди дали е можно да била бремена, не знаела од каде...а од каде друг да ѝ знае од каде е бремена и дали е бремена? Земи си тест, провери си и ќе знаеш начисто.
Прашањето беше повеќе насочено кон тоа дали некој има искуство со доцнење на менструација од апчињата отколку дали сум бремена, не верував дека сум бремена од причина што односот беше на ден на завршување на менструација, убаво имав напишано што промени имав месецот и дали од тоа може да ми доцни. Направив и тест за секој случај,негативен е, уште не добив, значи дека е од нешто друго доцнењето . Извинете што ви го нарушив комодитетот со моето глупаво прашање, не знам зошто само толку се напнавте сите ама ајде.
Вчера пишав,ќе ви пишам и сега.Што мислите ? Се обидувавме со сопругот за второ дете после пет години за прв пат Требаше да добијам на 22 а добив на 25 овој месец но само еден ден крварење при бришење со сите симптоми на добивање.Правев тест вчера шур чек негативен денес земав некој друг тест пишува фрухтест и ми излезе вака ќе пуштам слика.Дали е можно да сум трудна
Да, многу рана бременост, исто беше и кај мене. Можеш по неколку дена да повториш да си сигурна. Честитки!