Ви благодарам на сите на мислењето и честитките.Многу сум среќна не ми се верува,дај боже да биде се во ред и да ми потврди гинекологот.Сега да ве прашам кога да се јавам на гинеколог за преглед јас знам точно кој ден сум останала трудна значи некаде сум отприлика 12 дена по мои пресметки.Дали да почекам или да одам побргу.Имам многу поразлично искуство со првото ми доцнеше циклусот и дознабжв дека сум трудна кога бев 6 недела а сега ми е многу поразлична ситуацијата.Исто сакам мислење околу работа.Имам премногу обврски имам стресна работа работам во државна институција на определено ,дали важат ковид мерки за бремени какви се процедурите да побарате таква дозвола инаку не сум вакцинирана.Првата бременост ми беше тешка со крварења прогестерон и мирување иако не бев на работа,сега се плашам како ќе биде,кога да соопштам на работа.Совети женски и ви благодарам многу,рацете ми се тресат од возбуда.Пресреќна сум.Да дава господ секаде кој посакува бебенце.
Фрухтест детектира рана бременост и се прави во било кое време од денот. Има втора цртка, среќноо и со лесно
За гинеколог почекај уште барем две недели. Или можеш за десет дена да испиташ бета, ако е над 2000 тогаш да закажеш ехо. Што се однесува до второто прашање за жал свесна си дека кога ќе кажеш дека си бремена, ќе продолжиш да одиш на работа до истек на договорот и нема да ти го продолжат. Така е во 90 % од случаите, ама стискам палци кај тебе да е поразлично. Ковид мерки за определено не сум сигурна дали важат, треба да прашаш. Како и да е, честитки, со лесно
Во врска со прегледот најдобро почекај две недели а кога докторот ќе ти потврди бременост ќе ти даде и потврда која ќе си ја однесеш на работа и ќе си прашаш дали важат мерките или не Ако ти ја прифатат и те ослободат од работа не би требало да те отпуштат ама ако ти кажат дека мерките не важат тогаш извади си патолошка Штом првата бременост ти била комплицирана тогаш матичниот ќе ти даде боледување и ќе те упати што и како понатаму
Кога веќе си ги знаеш проблемите и имаш позитивен тест, јас би се јавила одма на матичниот гинеколог. Ова не ти е баш за да се консултираш на форум што да правиш. Честитки и со лесно
Ми требс мала помош, денес требаше но не ми дојде вчера правев тест self clear и немаше ништо но не беше полно со течност некаде околу 70-80% а јад денес имам мала вртоглсвица и ми де поврака, можно е да не е точен тестот?!
Мене селф клиар една ден пред да добијам ми покажа негативен и утредента добив. Другиот месец на самиот ден кога требаше да добијам ми покажа бледо розева цртка. Ако мислиш дека не си го направила добро, повтори го тестот, а за повраќање мислам рано е, после две недели јас прв пат почувствував слабост, мачнини и вртоглавица
Vcera napraviv dva testa edniot ispadna pozitiven a drugiot nisto ne pokaza a eve deneska si dobiv neznam sto se deshava dali mu se desilo na nekoj do sega Ova ?
Здраво. Менструацијата последните неколку пати ми доаѓа точно на време. Треба да добијам на 1ви. Односи имав неколку пати со кондом и еднаш без кондом два дена пред денот кога треба да добијам,односно на 30ти. При односот не дојде до свршување внатре но ме чуди тоа што секогаш 3 до 4 дена пред да добијам ме болат градите а сега не ми е ништо освен што некогаш чувствувам болки во долниот дел на грбот и некогаш блага болка на јајниците. Исто така имам зголемен вагинален исцедок и многу мнооооогу бледа црвена точка на гаќи пред некој ден. Да ли има шанси за бременост? Или ќе си дојде џабе се секирам
Не си бремена. А, баш ако беше бремена градите пологично е да те болат, отколку таа промена да е резултат од рана бременост.
На 29ти декември добив, прв циклус после лапароскопија, на која беа тргнати цисти од каналите и беше направен дрилинг на јајници. На 12-ти јануари имав розев исцедок на бришење. На 13ти јануари бев на ехо кај Лазаревски. Тоа му доаѓа 16 ти ден од циклус (прв работен ден на докторот после одмор), но со оглед на тоа дека циклуците вообичаено ми траат подолго од вообичаено, др сметаше дека ќе може да се види дали има овулација или не. Тогаш имаше фоликул од 11мм, поради што на 17ти повторно бев на преглед, Лазаревски кажа дека највероватно ќе треба да се оди со стимулација. Доколку добијам да се јавам за да ми каже терапија, ако не добијам за две недели да направам тест. На 25ти јануари повторно имав розев исцедок, поради што на 26ти јануари направив ест self clear кој беше негативен. Си викам можеби рано го направив Денес изминуваат двете недели, за кога др ми кажа да направам тест Имам повремени грчеви во долниот дел од стомакот, бубилици што мноооогу ретко ми се случува, променливо расположение. Болки во градите речиси и да немам. Ваше мислење? Не знам дали да почекам до среда за тест, или доволно време е за да покаже резултат.
Се зависи кога си имала овулација. Ако на 16ти ден од циклус фоликулот бил 11мм тогаш секако ако продолжил да расте овулацијата има настанато покасно. Можеш да почекаш уште некој ден за тест, а ако не те трпи душа провери преку крв. Ти посакувам позитивен резултат.
Здраво девојки, како и многу од вас и јас сум нетрпелива да дознаам дали сум бремена или не Сега направив тест, 6 дена пред да треба да добијам. Што мислите, дали е позитивен? Јас како да гледам бледа линија
Има бледа црта ептен рана бременост повтори го за неколку дена ќе биде потемна линијата или најубаво испитај си преку крв.