Матичната ми даде да пијам ОВУНОРМ 2х2 капсули.. Ми рече да испијам 2 кутии. Во декември имав биохемиска... сега некако како да се подув цела од нив. Ги користел ли некој до сега да сподели искуство
Ве молам на одговор.Правев тест за бременост пред недела позитивен беше.Закажав преглед со мојот гинеколог утре да ме види за прв пат.Но денес имав крварење не обилно при бришење.Полудев бидејќи првата бременост ми беше со крварења.Веднсш тргнав на гинеколог матичниот ми беше прва смена и не го затекнав имаше замена Ме прегледа друг доктор на ехо и ми кажа дека нема бременост во Матка празна е матката и менструација дека сум добила и утре да си видам со матичниот.Пак после прегледот земав тестови и тоа три и сите се позитивни.Утре сабајле ќе идам кај матичниот.Ќе полудам сега,што е можно да се случува.Плачам..крвот престана сега за сега ....мислење
Да си направиш бета утре и во петок и ќе видиш како расте. Најверојатно тоа ќе ти предложи и матичниот. Јака ли беше линијата на последниот тест? Со среќа
Смири се, јас имав ваква ситуација, прокрварев, а претходно матичната ми кажа дека има нешто но е мн мало, мн е рано, бев во др град и тој докторот кај шо бев на преглед, гледа гледа со тоа ехото и јас и мм цели напнати, му се врти на мм и му вика ти синко оди ова да го направиш тука нема ништо од бебе. Пат под нога и назад во нашиот град кај мојата матична, која ме прегледа и ме смири, еве ја сега мала моја 5 години е. Опушти се.
Штом е изразено црвена тука е бременоста, само е многу мало за да се види. Во биохемиска бременост изразеноста на линијата се намалува. Ако си во можност слушни се со гинеколог да ти даде веднаш нешто за подршка на бременост.
Извини не прочитав погоре што ти се десило со крварењето. Крвариш уште? Ако е менструација би требало да крвариш константно, не да ти запре наеднаш.
@LanaDelR вака ме исплаши мене матичниот за синчето. Нема ништо во матката или вонматерично е. А тоа прерано за да се види. Докториве некогаш не размислуваат или толку разбираат. Ако имаш крварење уште оди на болница вечерва или на итна, нека ти стават прогестерон инекција и нека ти препишат утрогестан или слично.
Бетата пораснала за разлика од првиот тест ама мора да видиш дали правилно се дуплира. Смири се, само така можеш да си помогнеш.
Не крварам само на бришење видов изразито црвена крв и сега после прегледот ми е и страв да идам во вц додека одев на гинеколог и кога се вратив немаше ништо ама тие зборови немаш ништо во матката празна е,немаш бременост и ова ти е менструација ме убија..
Ако беше менструација немаше да имаш позитивен тест и тоа со темна линија.. се ми се чини докторот избрзал со заклучок. Смири се колку што можеш и убав совет ти даде членката погоре можеш да отидеш до ГАК да те боцнат прогестерон. Јас таква црвена крв имав неколку пати па фала богу еве терам 29та недела. Се ќе биде добро.
последна менструација ми беше 22 декември.Требаше да добијам на 23-24 јануари така ми иде менструацијата по денови.Знам дека сум останала трудна во период од 10-13 јануари..според ова дали знае некој колку недели сум бремена и дали е многу рано за да се види на ехо.
Пробај да се смириш прво, напи се едно б6. Сигурно е многу рано за да се види на ехо. Земи уште вечерва Утрогестан и почни со терапија, па утре ке ти каже матичниот што понатаму.
Околу 6та. Многу нормално е во 6та да нема бебче. Не е добиено, според тестовите дефинитивно си бремена.
Според циклус си 5 недели и 6 дена ако имаш редовно на 28 дена, а ако си останала на 13 јануари си 4 недели и 5 дена. Кај мене се виде во 5та недела ама на приватно, ако е постаро ехото не се гледа толку рано.