Во вторник нели објави тест кој беше позитивен ама со повеќе урина направен , повтори го тестот со 2/3 капки урина.
Не направив некако се разочарав пошто тој по пола сат се направи таков и сеуште си стој така исто Некако сецпомирив дека е невалиден
Се плашам дека ќе е негативен ,се мислам во понеделник ми е 14 ден ако веќе сметаме според фоликулот кој го имав и од однос 14 дена треба да поминат ?
@Lady...S Ja bi napravila odma imase nevaliden test ama se gledaseni druga linija. Jas sum bas nekako ubedena deka ke ti izleze pozitiven
Да ви кажам искрено ,веќе две години се борам Сите иапитувања ги направивме до сега 2 пати и се е во ред ,некако овој пат нз зошто толку сум смирена и не се надевам да бидам искрена ја изгубив сета надеж во мене во понеделник ќе испитам преку крв бидејќи во вторник треба да го прекинам дабростонот изгледа од него ми касни прв пат од кога имам
Ако можеш до понеделник да издржиш супер, јас одма би направила Инаку, од претходно што имам читано Дабростон не се прекинува нагло доколку си бремена затоа би било убаво да знаеш и да се консултираш со доктор.
@Lady...S Или си бремена или не си, трето нема. И да добиеш негативен тест ќе се разочараш и да добиеш циклус пак ќе се разочараш. Вака барем ќе знаеш на што си и дали да го прекиниш дабростонот. Јас ти велам утре сабалје купувај тест и само со 3 капки урина направи го. Пуштам среќа да биди позитивен.
Утре или преку крв или тест правам секако ,во право сте малку ќе си поплачам и другиот ден нови сили нова надеж ☺
Ништо девојки сабајлево кога станав имав розево на бришење значи ми иди ,најверојатно од дабростонот ми каснеше 4 дена Тоа е тоа ......
Здраво на сите активни на формуов и темава кои не себично споделувате совети и давате искрена поддршка, ве поздравувам… Имам прашање до вас, ако знаете да ми ги утешите мислите. Никогаш не сум гледала плодни/неплодни денови, но оп дојде момент Последен прв ден од циклус 28 јануари, не заштитен однос на 12 према 13 февруари. Е сега од кога се случи не планираниот не заштитен однос кои го посакавме силно двајцата во момемтот кога се случи, почнав да се имтересирам и гледам по портали за плодни денови… некаде ми даваше 8/9 февруари, а некаде 12 февруари - high chance of getting pregnant… на кое да се држам што мислите? Не планирав да останувам трудна но некако еве ми се роди желба дека сакам, и како интиуициски да ми кажува дека нешто се зачнува (ете може ради желбата). Осекам болки во брадавици при допир и почнав да осеќам денес болки како за добивање во долем дел на стомак и половина… Мерам базална темп овие денови се движи помеѓу 36.5-37. Ако сметам дека се е во ред со мене и со него и без проблем би се фатило, што мислите кои се шансите според она што ви го кажав со плодните денови? А да и да не заборавам, до декември пиев Јаз контрацептиви 4 месеци… Поздрав до сите ❤️
Големи се шансите да има бременост, и по периодот на незаштитените односи и по симптомите што ги опиша. Исто така после контрацептиви теоријата, а и праксата викаат дека шансите за забременување се зголемени. Кога ти е ден за недобивање? Ти посакувам две црти што побрзо. Со среќа!
Обично добивам помеѓу 27 до 29 ден од подледен циклус, значи овој месец очекувам помеѓу 23ти до 25ти февруар. Не знам дали да ги препишам симптомите на желбата шо ми се појави или тоа е тоа Колку најмалку да чекам за тест? Би покажало и ако малку порано го направам тестот?