Дали сум бремена?

Дискусија во 'Бременост' започната од marina.maca, 15 декември 2009.

  1. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.267
    Допаѓања:
    50.865
    Пол:
    Женски
    Tочен е.
    Честитки да имаш лесна бременост :hug:
     
    На Eluna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Eluna

    Eluna Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Што зборувате, значи не може да е грешка тестот леле не можам да верувам. Ова ми беше прв обид за бременост, прв секс без заштита затоа ми е чудно како е можно ама дај Боже да е вистина. На мојата среќа ќе и нема крај, зошто секако имам миомче на матката и многу се плашев да не ми смета на плодноста.
     
    На medena147 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.288
    Допаѓања:
    119.070
    Пол:
    Женски
    Не е можно да има лажно позитивен тест, а твојот е препозитвен јаки линии јасни, нема дилема бремена си со сигурност.
    Честитки, со лесно до крај :l:
     
    На Eluna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.697
    Допаѓања:
    4.531
    Пол:
    Женски
    Не може да е лажен тестот, лажно позитивен поготово ваков со жар линии не постои, бремена си, постојат само лажно негативни тестови,прерано направени тестови.
     
    На Eluna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Katence_bebence

    Katence_bebence Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2020
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    Честитки и лесна бременост :* имаш некакви симптоми ?
     
  6. Eluna

    Eluna Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Немам никакви симптоми ама баш никакви освен мало пецкање во левиот јајник. Се плашам дека сум во ПМС зашто сум многу нервозна, се молам да не добијам и не само тоа други филмови ме маваат во глава сега, пошто сум јас Over thinker, сега се плашам од кревање тешко претходниве недели да не го изгубам, сега престанав да кревам тешко ама тогаш кревав, плус вчера имав озбилна кавга каде плачев, се дерев и се тресев, пиев алкохол два дена после односот вино и пиво, и пред една недела пиев безалкохолно пиво ама после дознав имало мал процент алкохол безалкохолното пиво. И пушам и понатака не знам како да намалам цигари, се плашам многу и сега уште повеќе се плашам.
     
  7. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    14.349
    Пол:
    Женски
    Ја колку се напив у тие денови кога пробувавме за бебе пошто ми беше девојачко па еве терам 37ма недела , не се замарај со глупости од моментот кога си дознала дека си бремена од тогаш можеш да се замараш а не што било кога не си имала поима дека ќе дојде до бременост.
    Честитки и уживај у бременоста брзо поминува се :inlove:
     
    На Ani93 и Eluna им се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @Eluna тоа пецкање во јајник е добар знак, од жолтото тело е од кај што излегла јајце клетката, и ја одржува бременоста на почеток. Јас имав пецкање во десен јајник и во оваа бременост и во првата и тоа ми беше прв знак уште пред да направам тест. Не се грижи во тој период не може да се наштети на плодот, заштитен е, сега ќе си пазиш без стрес многу, а за цигарите консултирај се со доктор и се ќе е во ред. Честитки!
     
    На Eluna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Вака, не е за фалење ама да пробам да те смирам. Полни 7 недели сум бремена, го кревам син ми секој ден, прееска го носев од гости накај дома во раце, се искичмив. Претходната бременост открив на почеток на 6та недела, пиев алкохол, пушев, значи не знаев и не се пазев. Кај мене искочи во ред, со ова не знам, со маж ми си викаме Господ да го чува зашто јас не знам како со син ми да се справам со тоа држење во раце.
    Секако дека од моментов треба да прекинеш со алкохол и цигари, ако не можеш одеднаш најди си начин. Многу веројатно е во брзо време да имаш мачнини, па да не можеш да ги поднесеш секако.
    Не се плаши од ништо од тоа што наброја, во ептен рана бременост си. Можеш да почнеш да пиеш витамини како фемибион, премама и слично и да си закажеш прва контрола. Само смирено, те чека најубавиот и најтешкиот период од животот. Честитки :)
     
    На stsmua05 и Eluna им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.696
    Допаѓања:
    21.365
    Пол:
    Женски
    Прво смири се. Тестот ти е позитивен и дефинитивно си бремена. Тоа што си го правела до денес заборави го и од денес натаму пробај да ги смениш ‘лошите’ навики.

    И јас бев пушач пред да забременам, па откако дознав срце не ми даде да запалам цигара. Сите сме различни на таа тема, ама самата помисла дека расте живот во тебе нека те направи подобра и посовесна.

    Со среќа и ти посакувам живо и здраво бебе!
     
    На Eluna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Eluna

    Eluna Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите ќе пробам позитивно да мислам и да се опуштам, а за цигарите ќе најдам решение. Фала ви
     
    На fana, stsmua05, kristina.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    Може и ќе почнат да ти се гадат цигарите па и така да ги прекинеш:)
    Јас на кафето му откажав љубов.
    А толку сакав да пијам:D

    @Jana06 како си со мачнините?
     
    На Jana06, Eluna и fana им се допаѓа ова.
  13. Eluna

    Eluna Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Немам никакви симптоми освен пецкање во левиот јајник. Ама има неколку дена како сум настината, а корона немам денес резултатот негативен. Се ме снајде наеднош,на болување сум, понеделник 28 февруари ми истекува пробниот период на работа и после влегувам во неограничен договор, каде веднаш добивам забрана за работа ако сум трудна пошто работам во старски дом и не смеат да ми дадат отказ а на пробен можат, затоа понеделник како ќе го истуркам денот јас со моите нервози и стравови ќе паднам во несвест од страв да не ми се случи нешто. Знам дека можеби и малку претерувам, убаво ми се наместија коцките со работата и се, ама на крај краева зар е вредно се тоа ако се изложам на ризик во понеделник? Ништо не е поважно од бебето. Се мислам што да правам а болувањето ми трае до недела. Опасно е од тежината на старите и секакви инфекции, секакви болести и инфекции имаат, а плус и корона претходната недела неколку добија. Сега се мислам и се грижам.
     
    На Kate Rina 93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.288
    Допаѓања:
    119.070
    Пол:
    Женски
    Ќе ти поставам едно прашање па ќе видиш накај терам со размислувањето.
    Нели обично тестовите се прават на ден за добивање или после тоа.
    Ти реално до понеделник не би знаела дека си бремена нели? :)
     
    На Jana06, Katence_bebence и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  15. Eluna

    Eluna Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Да ама ми е страв да одам понеделник на работа да не ми се случи нешто, а не можам да не одам, оваа недела земав болување за настинка и ризик да немам корона. Е сега до понеделник смеат да ми дадат отказ, од 1 март не смеат, пошто завршува пробниот период од 6 месеци и мојот договор е неограничен. А секој би дал отказ на трудница на пробно, зашто ниедна фирма не сака да те финансира а на неограничен не можат, закон те штити. А јас понеделник имам втора смена и баш сум во делот кај болните со корона и тие неколку непокретни стари, ептен се тешки. А од вторник и не морам да работам веќе, зашто веднаш добивам забрана зашто е ризична работата, ама не и отказ. Така да заштитена сум.
     
  16. Suze18992

    Suze18992 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    1.597
    Пол:
    Женски
    Ич да не се секираш за кревањето тешко тоа било поминало. Баш кога забременив почнавме да реновираме дома цела кујна ја испразнив сама ги изнесов сите садови качувај се симнувај се, носев цигли во кофа што се кршеше и не се случи ништо. Сега знаеш ќе се пазиш. Лесна бременост да си имаш до крај и да си родиш здраво, живо бебенце.
     
    На Eluna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Suze18992

    Suze18992 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    1.597
    Пол:
    Женски
    До понеделник се само два дена ќе најдеш некој изговор да ти помогне некој во работата па после први кажи дека си бремена.
     
    На Eluna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    Ама чекај, смири се..
    Дај прво направи бета ,види дали се дуплира, чисто да си раат.
    Секако на ехо рано е од сега да се види нешто.
    Ако е се во ред со бетата тогаш ќе мислиш што ќе правиш со работата.
    Ама до недела види што е и како е со бременоста.

    Искрено не знам дали може некако да го продолжиш боледувањето уште некој ден..?

    Јас со првата бременост на почеток зедов од општ матичен 1 нед боледување. Го замолив, му ја објаснив ситуацијата и ми излезе во пресрет.

    Јас дека сум многу слаба, а на работното место кревавме гајби со пијалоци, апарати отваравме кои тешко се креваа и други работи.
    Среќа и така што испадна, после имав ризична бременост и бев на паталошка..
     
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.288
    Допаѓања:
    119.070
    Пол:
    Женски
    @Eluna од први март ако кажеш дека си бремена ќе останеш дома? Ќе изгубиш работа? Не сфатив.
     
  20. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    Не.
    Јас сфатив дека само понеделник е маката.
    Од 1ви веќе е на договор.
    А пред 1ви е на пробен период и ако каже дека е бремена може да ја избркаат.
     
    На Eluna му/ѝ се допаѓа ова.