Да извини, не објаснив убаво. Работам во Германија во старски дом и тука кога ќе забремениш а работиш во старски дом веднаш докторот ти дава забрана за работење на таа работа пошто е многу ризична, така е законски. И не смеат да ти дадат отказ, имаш период после породувањето кога можеш да се вратиш и за тоа време си земаш и плата и се исто како на болување. Ама ако си на пробен период или ограничен договор, на пробен можеш да добиеш отказ а на ограничен смеат да не ти го продолжат штом ќе истекне. На неограничен не смеат а јас од 1 март имам неограничен. Се е кнап
@Eluna апсурдно е да изгубиш таква поволност за само два дена. 28 ми и 01.03 оди. Нека ти дадат договор на неограничено после ќе кажеш. Ништо нема да се случи со бебето.
И јас сум во Германија, ти веќе имаш неопределен договор, ама исто така во неопределениот договор имаш пробни 6 месеци, немој да се мислиш и подобро да земиш уште понеделник и вторник боловање и штом си на боловање не смеат отказ да ти дадат......
И јас така се мислам, ама ако се случи нешто ништо не е повредно од бебето. Ама можно е доколку се чувам тој ден, да не кревам многу тешко некако да се снајдам со помош а да кажам дека сум бремена се ќе пропадне. Да се е кнап, на 28 очекував да добијам, тогаш ми поминува пробното, се се спои заедно, баш смешно а и не е. За жал оваа недела искористив болување и сега не сакам понеделник да лажам дека сум болна за да не одам, сумњиво е. А можеби и за среќа што настинав оваа недела бар не кревав тешко цела недела втора смена, ама можеби и за жал зашто подобро тогаш да одев на работа не знаев дека сум бремена и не ќе се грижев колку што ќе се грижам понеделник. Можеби вака, можеби така, ај да не ве реметам и вас, мене во главата ми е за се вака хаос и 1000 прашања, анализирања. Сепак ако сум бремена не смеам олку да мислам него да се опуштам. И позитивно понатака
Не смеат, пошто ти веќе имаш неопределен договор, а пробните месеци од неопределен договор ти истекуваат во понеделник, и ако си Krank anmeldung не смеат законски отказ да дадат
Да земам уште едно болување можеби ќе е решение ама за бремена ќе кажам после први март. А сега дур пишам ова ми текна, лекар треба да ми даде забрана за работа а како така брзо термин да добијам за понеделник, вторник не знам, знаеш како е овде со термини. И за гинеколог термини се прават многу порано. Или да одам кај матичен да се жалам на болки во јајниците за да ми даде хитно да ме прими гинеколог? Совет имаш некаков?
Повеќе ќе ти наштети стресов што сама си го правиш безпотребно. Кажи дека те боли многу кичмата, криви ако треба, подгрбави се, не знам, снајди се. Два дена се. После речи им еее ете од што ме болела кичмата И не е АКО сум бремена, бремена си и со лесно да ти е
Ти не можеш да замислиш што се се врти во оваа глава, јас пред 5 месеци бев убедена дека од кревање тешко на работа ќе ми падне матката, а никакви болки немав, дури една вечер не спиев до сабајле плачев и другиот ден сакав отказ да дадам отидов хитно на матичен за да ми даде упат за гинеколог демек ме болат јајниците излажав и кога му кажав на гинекологот се пресмеа, рече немал видено на некого да му падне матката од оваа работа. Абе свашта, морам сега психички да се средам зашто ужасна сум со мислење и анализирање, ама како не знам.
Сигурно имаш матичен гиниколог, јави му се и кажи му дека имаш позитивен тест на бременост и ќе ти даде за најбрзо време термин, и одма после гиникологот те ослободува од работа а исто така за време на корона ослободени се трудниците уште од првиот ден....Биди малку позитивна, немој да бидеш со негативни мисли
Нема проблем, ти кажвам бидејќи моја колешка исто така е ослободена од работа поради состојбата со корона...
10 години кревам тегови од 40-50кг на матка, уште ми е тука, здрава права Тргај негативни мисли максимално, поготово вакви непотребни. Само убави мисли да имаш, да ти е убаво тебе и него да му е убаво кај мама.
Девојки здраво, пак јас малку да ви досадувам. Требаше да добијам вчера 28 ден од последниот циклус, а секогаш добивам претходно 26ти-27ми. Јас не добив… Осеќам пмс симптоми, и некој исцедок тенок бело/жолт и констано се осеќам доле мокра… Осеќам како апетитот да ми е намален… и заспивам каде ќе стигнам Кога да правам тест?
Пропуштив денес за тест со утринско мокрење… да правам утре… само кој тест е по осетлив на хормонт одвен тој self clear? Бидејќи не заштитен однос имавме на 13ти, па да не е рано за зачнување…