Испитај си бхцг преку крв, ќе знаеш на што си. Ако е негативна закажи си на гинеколог да те види и да ти каже што е причината.
Закажи си преглед најбрзо што можеш. Не сакам да те плашам и не мора да значи дека и кај тебе е исто, но во иста ваква ситуација бев и јас. Ми доцнеше циклус повеќе од 7 дена, на преглед излезе дека е Цин 1...
Последно пред една година правев пап тест и брисеви се беше чисто и уредно. Ќе закажам преглед најбрзо што можам.
Зедов боледување и на 2 март кажав дека сум трудна, веднаш ме ослободија од работа. Вчера бев на гинеколог, ми направија тест на урина и потврдија дека сум трудна. Го однесов на работа, сега чекам официјално да ме ослободат со документ и се. Ама сега имам друга мака, уште не сум навикната дека сум трудна и пред еден час додека вклучував машина за перење алишта, со сета нервоза и сила удрив со десната нога во машината. Телото ми се потреси, се плашам дека нешто ќе се случи на бебето. Навистина беше само рефлекс, воопшто не ни пмислив дека сум бремена, не беше намерно, уште не сум навикната. Еве не крварам ама не знам можеби ќе искрварам за два дена. Не знам еве многу се плашам, мислам дека ќе го изгубам бебето. Не знам што ми се случи вака. Ве молам за помош, има ли шанси да се изгуби бебето? Ударот беше толку јак, се осети и на стомакот а сега ме боли ногата и колкот.
Имаш ли опција да разговараш со некој што би те посоветувал и смирил? Од ударањето во машината на бебето ништо нема да му се случи, заштитено си е тоа. Ама со стресот дефинитивно треба да намалиш. Бременоста треба да е убав период, немаш потреба од стварање паники кога веќе си под лекарски надзор и ти е потврдена бременост. Опушти се малку за сѐ да биде во ред.
Мажот ми постојано ме смирува ама претерувам со страв и нервоза. Не знам со кој друг да разговарам, не сакам се околу мене да реметам. Иначе со цигарите сум одлично и не сум нервозна заради тоа, едноставно таква сум по природа, можеби во текот на бременоста треба да посетувам психолог. Иначе цигарите ги намалив само на две дневно, една сабајле една навечер, за неколку дена скроз ќе ги оставам. Не можев наеднаш ама не сум нервозна ради тоа. Мислам психолог е добра идеја или било што да ме смирува психички и да ме опушта.
Дечки пак јас. Денес требаше да добијам. Вчера правев бета беше 3.8. Денес пак правев бидејќи докторката ми е на одмор и излезе ова. Линијата на денешниот тест ми се виде побледа од вчера, но бетата е повисока.. Но дека бременост по табелава е над 16.. ништо не ми е јасно.. некој нешто да разбира..?
Бременост по табелава е над 5.3 тебе ти е 12.2. Бременост постои. Можно е да си имала касна овулација? Следиш тоа или не? Во оваа ситуација мислам дека ни докторката нема што да ти каже, освен да чекаш и да видиш како ќе се движи бетата. За 48 часа направи пак.
Во истата лаб правено е вчера и денес? Ништо нема матичната да ти каже, мораш да чекаш. И мораш пак да направиш бета задутре.
Не е истата ама за утврдување е по истите параметри. Помало од 5 мажи и жени а втора гестацисла од 16 па нагоре
Дуплирањето мораш да го следиш во иста лабораторија. Купи си најефтини тестови за урина и следи секој ден дали ќе затемнува линијата. А во сабота направи пак бета.
На тоа и мислев, побарај стручна помош. Можеш само корист да имаш. Јас те советувам тебе, а не знам и јас како би била во следна бременост. Ама дефинитивно би се обратила кај некого за разговор ако се чувствувам исплашено. За цигарите супер, не е морално нагло да ги оставиш, супер е и што си ги намалила па за некое време ќе можеш и без ич. Мисли си на бебето, прави си планови за иднината, разгледувај си бебешка опрема и ќе ги пренасочиш мислите во поубав правец.
Zdravo jas pravev insemenacija denes 14 den od insemenacija na 3dena od termin.za,dobivanje sum menstruacija dali e tocen.rezultatot ispadna negativen.sure chek test,dali treba da,pocekam da docni.pa togas pak.da proveram za beta da ne e rano.
Која по ред ти е инсеминација,ако не е тајна? Читав дека 4 пати неуспешна инсеминација се иде на инвитро. Чисто ме интересира процесот на ова. Ти посакувам што поскоро позитивен резултат
Mene prva insemenacija.jas prvo ivf pravev pa sega ova,se smeni kvalitetot na spermogramot I aj da probame nz dali beta da pravam ponedelnik
Последен циклус 5 февруари. Завчера бетата ми беше 12 денес ми е 19.2. Според апликацијата требаше да добијам пред 3 дена но еве ако сум овулирала подоцна, во тој случај требало циклуа да ми дојде вчера. Со еден ден каснење во ред ли е бета 19.2 вредност? Никаде не сретнав толку малце..
Докторката ми рече дека може подоцна сум овулирала и дека било битно дека расте.. и сега јас сум загрижена многу.. знае ли некој да ми објасни пример колку е бета по имплантација, колку на ден на добивање итн..