https://www.bebac.com/uploads/tabela beta hcg.jpg Eве ти табела за бета, инаку ако си овулирала околу 17от ден + околу 7 дена за да се оплоди и вгнезди јајце клетката може и во ред е вредноста , само проверувај деновиве како ќе се дуплира, ти држам среќичка
Индивидуално е. Мене на 13 ден од овулација бетата ми беше 62. Не ја следев понатака, да ја следев веројатно ќе видев и порано дека не е нешто како што треба. Исто и мојата матична ми викаше дека сум имала касна овулација. Плодот престана да се развива во 6+5. На почетокот бетата многу брзо расне. Твојата минимум треба да е 24 денес. Ако грешам ќе бидам многу среќна.
Не знам каде да пишам па ајде тука. Имавме незаштитен однос и покасно го извади и пола сврши во мене. Проверив одма на календар не ми беше плоден ден, мала шанса за бременост. Требаше да добијам на 02.03, но ми касни. И претходно ми има каснето дека сум породена пред 8 месеци и сеуште не ми е регулиран циклусот ама на 2риот ден од каснење сум добивала. Се погоди на 2ри да идам на гинеколог и ме погледна на ехо и најде нешто како празнина ама рече ако е бебе требало да биде погоре така да можно да е хормонско. Еве денес имам кафеав исцедок. Дали е можно да сум бремена или ќе добијам сепак?
Знам што ти се случи и жал ми е. Ама дефинитивно не е во ред да тврдиш дека не и е во ред бетата кога не си лекар, базирано само на лаичко познавање на нештата. Секако дека опции има многу во случајов. Ама не и треба дополнителна паника на девојката. Малце треба да се внимава кога се тврди нешто, особено во ваква осетлива ситуација.
Направи си тест и ќе знаеш на што си, секако дека е можно да си бремена. Дури и да си, многу е рано да се види на ехо.
Колку читав, можам и со глава да гарантирам ама сепак реков дај боже да грешам. Од средата има позитивни тестови, денес бета 19. Мислам дека е многу полошо да и даваме надеж па после да не знае каде се наоѓа како јас што бев тресната од земја. Ако грешам, не сум ја разбрала поентата на форумов.
Ок сум јас.. не би ме повредило ништо ти благодарам што си реална.. само си дискутираме, јас сум свесна дека се е неизвесно и затоа побарав мислење.. благодарам што ми одговоривте сепак.. затоа што и јас сум свесна дека нештото е чудно..
Убаво е да провериш пак по 48 часа во истата лабораторија уште еднаш или двапати за да може да се претпостави со поголема веројатност дали ќе напредува бременоста. Вака како што стојат сега работите искрено, @Angella7 е во право, не изгледа добро, бидејќи и покасно да си овулирала завчера 12, денес би требало да е многу повисока. Инаку, битно е тоа што расте да, но во вака рана бременост уште побитно е колку пати ќе порасне за 48-72 часа. Обично расте за два, три, па и повеќе пати од почетната вредност. Прашуваш колку е бета на ден на недобивање. Денот на недобивање нема значение, битно е колку дена од овулација поминале. Просечно 14 дена по овулација вредноста е околу 100, што не значи дека ако е пониска од овој просек нема да е во ред. Ако нема правилна прогресија, тогаш не е во ред. Ова е правило, но секое правило има исклучоци, затоа, следи понатаму и не грижи се предвреме.
Може ќе минеме низ бурни периоди, може нема да оди се како подмачкано, може ќе минеме многу ноќи на мокра перница ама сите ќе бидеме мајки, порано или подоцна.
Јас на 30ти ден од циклус имав бета 15, така да не се обесхрабрувај, не ни требало одма да повторуваш бета. Опушти се малку и можеш да провериш за неколку дена, евентуално да си го почекаш прегледот. Вака само нервози си правиш, размислуваш и не можеш да уживаш. Мислам еве види била 12, па 19.2 значи скоро е дуплирана. Не е ова математика. Опушти се и пиши ни што си направила
Изгледа бетата ти опаднала и затоа дошло до крварење, менструација. Во цела лоша ситуација добро е да прокрвариш сама, без да треба билокаква киретажа. Не е страшно и да треба ама барем нема дополнително да се малтретираш.
Јас не сум баш искусна за да делам совети ама можеби треба да отидеш на ГАК... Сепак имаш позитивен тест, а крвариш.
Здраво девојки, со мм прв пат се обидувавме за бебе точно пред 15 денови. Тогаш ми беа почеток на плодни денови т.е по два дена од односот имав овалуација (секогаш кога ми е ден на овалуација имам болка во половината и по тоа знам точно). Треба да добијам според календар по два дена. Е сега, денес пак имавме односи и по неколку часа забележав како розов исцедок. И претходно ова ми се случило и нареден ден сум добила менс. Е сега не знам дали ми е исто така дека треба да добијам или нешто друго :/. Не знам дали е доволно време поминато за да направам тест... Бидејќи знам дека тест се прави ако ми доцни...