Сакам да прашам дали е можно секоја лабараторија да работи на некој поразличен принцип не знам.. бета да е висока со бледа црта, за 2 дена во друга лаб. да е пониска но со црвена црта?
Ама рековме да не правите бета, само стресови и пари давање безпотреба Се шалам Може да имаат различни референтни вредности. Тестовите од иста фирма се?
Се нашалив за претходните муабети што ги правевме со жениве. Извини. Има ли на резултатот реф. вредности? Во кои лаборатории ги правеше?
Милиединици на милилитри е исто што и основната единица врз литри во случајов, со ист фактор се помножени двете страни.
И јас со второ дете имав бледа на ден за добивање па по една недела отидов на ехо. И што ако се направи бета? Не е гаранција никаква ниту сигурност
Правиш бета еднаш по 48 саати пак правиш, ако се дуплира правилно значи во ред е. Не зборам за бледа црта туку за едвај видлива црта. Јас лично зборував за мојот случај ,што испадна и дека е правилно што проверив бета. Пак ќе кажам пошто изгледа не ме прочита. Од 3 бремености, само на една бременост проверував бета, зашто ми беше сомнително тоа со цртките. Таа бременост не се дуплираше правилно и баш како што ми кажаа членките заврши. Во првата бременост и во оваа сега не проверував бета, зашто линијата беше добра. На едвај видлива линија и бета 16 ЈАС би проверила бета. Така и ја посоветував членката. Од моето искуство. А за гаранција, цела бременост не можеме да имаме гаранција и сигурност што ќе биде и како ќе биде
Бета или проверувам два пати преку еден ден или ич не проверувам. Растењето на бетата е важно, не само позитивен резултат. Позитивен резултат можеш и од тест со мокрача да добиеш и да закажеш на гинеколог. Штом веќе проверувам еднаш, ќе проверам за 2 дена пак да видам како оди.
Мене искрено темава ми е хит. Прво прашањето - Дали сум бремена? ( Од кај да знае некоја феминка дали си бремена со сигурност ). После гледаш набројување плодни денови, последна менструација, овулација, исцедоци, свршил внатре, не свршил, дали може од прст да останам бремена и тако даље. После фрчат бројки од бета, па 100 тестови у два дена, па, па, па... Мисламм, како да ви кажам жени. Нит тука има доктор за да ви потврди со сигурност, нит ехо, нит бутур. Прво и основно, сите до една треба да имате доктор на кој целосно му верувате. Второ, треба да чекате да ви задоцни менструација или да имате чудни и невообичаени симптоми пред датата за менструација за да нели ви падне сомнително дека можеби има бременост. Трето, одите кај докторот на кој му верувате и се консултирате со него ( може и телефонски ако си имате и таква комуникација за да ви каже како да постапите). Можеби сум изрод, не знам ама, трета бременост ми е а ниту еден единствен тест немам направено. Првата бременост- ми задоцни два дена и си отидов на преглед (а имав и симптоми, па претпоставив дека има нешто). Ми потврди дека сум бремена. Втора бременост- денот кога требаше да добијам отидов кај докторот зашто имав идентични симптоми како првиот пат и едноставно знаев дека има нешто. Докторот ми рече дека матката се спрема за бременост ама морам да направам бета за да потврдиме. Бетата беше позитивна, па ми рече за две недели да одам на преглед. Така и направив, отидов и имаше плод и срцева акција. Трета бременост- имав симптоми, ми доцнеше неколку дена па отидов на преглед, и тогаш ми потврди рана бременост. Не се оптеретував, се водев по тоа дека нема потреба пред време да се замарам со тестови, бета и да изигравам доктор. Да напоменам, две успешни бремености, третава исто се надевам и верувам дека ќе биде успешна. Ви го пишувам ова најдобронамерно, за да не си правите непотребен стрес. Ете, има неточни тестови, има сигурно и случаеви каде со доцна овулација и бледа црта на тест а ниска бета има уредна и успешна бременост, има секакви приказни. Во медицината 2+2 не е секогаш 4, така да опуштете се за ваше добро.
Стварно Ниту еден тест немам купено и направено у животов Одам кај докторот, му кажувам пример: Ми касни толку денови, или до денес требаше да добијам, ама нема уште ништо, имам симптоми и дојдов За третово си почекав неколку дена од каснење зашто ептен симптоми имав, ама знаев дека нема да види ништо и не ми се одеше за бета да испитувам. Долги години сум кај него, многу убава комуникација имаме, и ко ќе ме види на врата знае за што сум отидена. Ај да те видам ми вика и тераме.