Фала ви девојки Јас се плашам да верувам, ми е страв да не се разочарам пак како што се разочарувам цела година наназад. Ќе се стрпам до понеделник, се надевам дека нема да добијам
Чекај, чекаааај!! Дали тоа ми ѕирка бледа линијаа?! Најмила моја, па ти ќе станеш мајка!Конечно ти се оствари желбатаа! Ти ја посакувам најлесната бременост на свет и уживај максимално во периодот што доаѓа!!
Мила фала за честитките ама сепак сакам да почекам, малце ми е неверојатно, се плашам да се израдувам Се надевам дека ќе е позитивен и ќе ми се исполни најголемата желба Сепак фала за преубавите желби, ти посакувам да ти се враќаат само убавини и што поскоро да си ги видиш двете жар црвени цртки
Ептен рано си направила тест мила, затоа ти е вака бледичка ама најважното е дека ја има! Со Господ напред, ќе видеш дека за неколку дена ќе си видеш 2 жар црти и ептееен голема бета! Те гушкам најсилно, душа моја!
Мојот тест беше ист ваков на денот кога требаше да добијам, па еве 5ти месец сум... Опушти се и уживај во бременоста П.С по совет на една членка го повторував тестот на два дена и следев бета, односно дали цртичката станува поцрвена. Инаку истите тестови ги користев
Честитки и тебе! Кај тебе повидлива е цртката и сигурно има нешто, јас ќе се стрпам до понеделник дај Боже позитивно да е
Супер е. Точно знаеш дека овулација настанала тогаш? И колку ти доцни? Розевкаста е линијата во живо или темна без боја? Ако е без боја, можно е да е негативен, но ако е светло розе, позитивен е.. Те прашувам зошто ми изгледа доста исушен тестот, а ако се исуши, знае да се појави линијата од доле (но да е без боја, ко црта само). Дали после 2,3мин од правење на тестот одма ја имаше линијата..?
Ако е сива линијата тоа е од испарувањето на мокрачата и негативен е. Ако е светло розева рана бременост е. Честитки кај сите со позитивни тестови, лесна бременост да имате!