Не да е позитивен, грее мила! Честитки и со лесно бременоста, уживај максимално и гали мешко! И дај Боже да ти се придружиме сите ние кои копнееме по таа втора црта во труднички.
Девојки, фала ви на честитките и кај сите убавини да се враќаат. Дај Боже сите да си ги видитте двете најпосакувани цртки Уште не ми е верно што ми се случува. Претпоставувам ако одам сега на лекар ништо нема да се види нели? За колку време да закажам? Дали е нормално да имам малку менструални болки и болки во половината? Ве гушкам
За 2 недели закажи, сега ако одиш може минијатурна точка да се види само. Нормални се болките. Јас на доцнење отидов, на 6,7 дена, ама ради доцни овулации имав точка баш точка минијатурна како сенка и ми презакажаа за 2 недели. Со лесно
Aко случајно одлучиш да правиш преку крв, да знаеш дека за да се види нешто на ехо бетата треба да е минимум 2000. Честитки уште еднаш и со лесно.
Не знам Фана. Ниту еден гинеколог ме нема прашано дали сум правела тест за бременост. Пред да останам со последното бремена прво отидов на преглед да видам дали е се ок, па докторот ми рече ако ми задоцни да се видиме, а не да правам тест па да одам на преглед. Секој нека прави како го води умот и срцето. Јас како и да е немам повеќе што да барам во темиве...
Имав спонтан во петокот Кате, му престана срценцето во 10та недела. За жал ве напуштам од темиве. Чувајте се