За да се провери дали бременоста уредно напредува, се следи зголемувањето на бетахцг хормонот кој треба да е дуплиран во рок од 48 часа, односно ако во понеделник бета е 100 во среда мора да е минимум 200 за да се каже дека бременоста е во ред. За да се следи тоа потребно е анализата да се врши во иста лабораторија. Се надевам дека се ќе биде во ред.
Женски тестов е позитивен нели? пс не е за мене Јас тврдам дека е позитивен она не верува толку.. вели пиела таблети за контрацепција.. ако е значи веднаш да ги прекинува?
Вака изгледа на позитивен, со оглед на тоа дека пие контрацепција, мислам уште еден да направи утре задутре за да се види подобро, да не е евапорациска недај Боже, после колку време излезе црткава? Нека се тестира уште еднаш, и ако е позитивен нека ги прекине одма контрацептивите, нека се консултира и со лекар. Со среќа
Од тестов веќе неколку членки добија вакви или слични црти без бременост, меѓу кои и јас. Нека направи сабајле тест од друга фирма само не Шур чек.
Отиде да прави уште еден тест Она сега баш и е непланирана бременост оти малата и е 14 м и плус со царски е но да видиме..
Малку чудно дека пие контрацептиви,тие затоа се пијат нели за да не дојде до бременост,се пијат и заради други ствари ама најчесто заради несакана бременост. Јас лично пиев порано заради ПЦОС, препремногу се мали шансите за бременост додека се пијат, скоро и да не постојат, ама ајде да видиме што ке направи.
Не и треба поскап, на некој од најевтините покажува, моја препорака е да земе Фрухтест ако веке прави уште еден ,тој е околу 130 денари, а на овој не се гледа ништо, крај краева да не фрла по 100 пати пари за тестови нека отиде нека и земат крв за бета хцг и ке се реши дилемата,наједноставно,мое мислење.
И јас тоа ке речев,него заради претходниот на кој излезе некоја црта, најпаметно за да не се замара и фрла пари по други тестови, да си напраи преку крв, и нема грешка. Едит: Зошто првиот е селф клир и тој покажува од 10mlU/ml a овој вториот од 25,затоа реков преку крв најпаметно.
Дефинитивно нешто не е во ред со овие тестови, пред 2 месеци и јас добив бледа линија си помислив бременост е уствари ништо немаше кога проверив бета.
А реално скапи се колку што се сеќавам 200 ден , сеа гледам ги фалат оние лабо...некој ги имаше прикачено погоре од нареден месец ќе се наоружам со нив. Само уште да не забушава "теткава" да дојде .
Да и тие се добри, јас искрено си нарачав преку интернет овде кај нас од онлајн аптека ,од Be Safe, 100 ден беа во кутија со два теста, и до сега не излажале.