А единствена надеж ми беа за рано тестирање. Највеќе доверба имав во него. И јас имам Be safe за овој месец. За над 25мл се, ама покажувал и порано. И тој labo ми даде лажна црта и тоа доста појака од Self. Овој месец имав два лажни
Ама другаркава, ниту и доцни ништо, се осеќала лошо повраќала и ете земала да провети и шок Како може лажно позитивни да испаднат цц..
Вчера направив уште еден тест и ми искочи позитивен и тој,но вечерта имавме односи со дечко ми и првата партија се беше ок но на втората партија бевме малце погруби и јас бев од горе ми протече малце крв и почна стомак да ме боли после неколку саати крвта беше појака кога дојдов дома ставив utrogestan вагинално. Болките и крвта не престануваат. Незнам што да правам, дали да идам во Чаир на преглед на дежурен или? Незнам дали ќе ме примат таму, сеуште не ми е потврдена бременоста. Дали се плаќа скапо? Ништо незнам!! Ми се врти и ми се повраќа на моменти. Незнам дали го губам бебето, дали добивам менструација или што се случува. На гинеколог сакав утре да се јавам да закажам за наредната недела бидејќи за оваа недела сигурно ќе нема термин помагајте девојки/жени!!
Да одиш на гак одма, се надевам се ќе биде во ред, и одбегнувајте секс на почеток. Патем, нема ништо да ти наплатат имав слична ситуација, ме боцнаа со прогестерон и продолжив со утрогестан.
Оди на дежурен, не се зезај аман. Трудниците не плаќаат ништо. А и да е нешто ,сигурно имаш осигурување, нема да платиш многу. Може ќе те боцнат со прогестерон Штом имаш болки немој да чекаш. И штом така ти реагира телото,немој секс. Нека се зацврсти плодот, па после 3 месеци ќе си прашаш гинеколог. Ама никако грубо. Бебе носиш. Не е телото исто.. Извини ако ти солам памет. Ама навистина ме загрижи. Ние од сам почеток сме без секс. Прво немав проблеми ама си реков за секој случај не, додека не се зацврсти плодот, после излезе крварење, хематоми,чуда.. Ама без секс ќе се издржи само бебе да е добро.
Ако те фатам ќе ти кажам помагајте. Каков секс на непотврдена бременост на ехо? Па уште и груб па уште и два пати. Под итно во чаир. Нема да платиш ништо. Кажи дека имаш позитивен тест за бременост и крварење и ќе те прегледаат.
Истото сакав да го кажам ама ај да не бидам лоша.. Ама груб секс ? Шубе би ми било таков секс да имам
Под итно во Чаир! Во прво тримесечие не е препорачливо да се има секс, а посебно не груб Не губи време и оди на лекар.
Груб секс на непотврдена бременост според мене воопшто не е ок.. Или требало да се воздржите или понежен, сепак носиш бебе. Јас се воздржав до 3 месец, иди на лекар под итно, ќе ти кажат таму најдобро. Друг пат памет во глава!
Сега сум подобра немам болки и гледам дека крварењето го снемува полека. Доколку се појави пак ќе идам ви благодарам и во право сте јас сум виновна..