Те молам оди на лекар, не си играј. Јас сум била многу пати со крварење ниту еднаш не сум имала болки. Докторот викаше, добро е додека немаш болки. И не сум сигурна, нека пише некоја Мислам утрогестан не се ставаат вагинално доколку крвариш. Така ми има кажано доктор, се разранувало грлото. Колку е точно не знам. Јас ги пијам. Оди веднаш. И пиши, те мислиме.
Имав болки како менструални и се исплашив многу лежев на грб цело време. Апчињата ги ставав вагинално затоа што ми беше страв од нус појави. Ќе идам во Државна и ќе ви пишам што сум направила.
Со self clear 2 пати ми покажа позитивен тест со бледа линија (ги имам постирано претходно во темава), а не бев бремена. Сега правев и ми покажа вака, се надевам и ова не е лажно позитивен, го чекам закажаниот преглед да си потврдам Целта ми е, без откажување, позитивни мисли и се ќе биде како што треба
Со среќа! Само не разбирам како може да е лажно позитивен, доколку во телото има присуство на HCG само тогаш покажува втора црта.
Тие бледи проѕирни или сиви линии што ги покажуваат тестовите се евапорациски линии, од испарувањето на мокрачата. Ако има бременост треба да се розевкасти, колку и да е светла линијата. На секој тест може да се случи и најчесто се појавуваат по истекувањето на 5-10 минути од тестирањето, затоа не треба подолго од тоа да се гледа тестот.
Self clear не даваат лажно позитивни како некои ефтини тестови од интернет. Знам кога постираше и тие беа позитивни, секако имало бременост, но била биохемиска. Овој е супер позитивен. Честитки и сé добро до крај!
Мислам не лажно позитивен него евапорациска мн често се појавува на нив, и мене така ми направи два пати
Твојот е Laboquick, не знам за нив. И мене еднаш ми се појави линија и тоа розова, видлива, убава, не знам дали беше вистинска или лажна. Судејќи по твојот, многу веројатно оти била лажна, значи и со нив не може да си начисто
Не знам во живо, на фотографијата од нејзиниот тест линијата изгледа розово. Досега никогаш не ми се јавила линија кај овој тест ако не сум била бремена, ниту евапорациска малку да ме раздрма
Еве мојот каков беше, дали беше евапорациска или биохемиска појма немам не испитав преку крв затоа не знам, само знам дека после недела дена така нешто ако не се лажам,после тестов добив…
Здраво на сите. Да ве известам бев на дежурен ме прегледаа на ехо немав крварење во матката се било во ред нема цисти или нешто слично (а сеуште ми тече крв по малце). Ми кажаа никако односи, а за бременост неможеше да се види сеуште. Ќе почекам па ќе идам кај мојот гинеколог. Инаку ми рекоа утре сум морала да идам да платам во Државна ако не сум платела ќе ми стигнело казна на адреса. Дали знаете колку се плаќа? И односот беше ужасен на докторката на големо инсистирање ме прегледа инаку несакаше!
За што да платиш, немаш здравствено осигурување? Пред 2 недели бев итно на болница, ништо не ми наплатија, само матичен број ми побара докторката и направи извештај.
Сигурно нешто минимално ќе платиш, 100, 200 ден. Што знам. Штом имаш осигурување не ми се верува да треба повеќе.