А чисто онака ги праша за плаќање колку е сумата? Па да им лупнеш од глава осигурувањето? Или за 50 денари фама креваат.
Ништо не прашав, не ни требале они да ме прегледаат не било нивна работа не ме ни прашаа дали имам осигурување, никаков конкретен одговор не добив освен дека не сум крварела внатрешно и чао утре да си дојдеш да си платиш, во спротивно ќе си платиш казна и дали да продолжам со утрогестан : не сум твојот гинеколог за да знам ова е дежурна служба не ни требаше да те прегледам.
Подобро да одиш и да си платиш партиципација. Тоа е некоја минимална сума. Во било која здравствена институција ако не платиш ќе се соочиш со казна и 100 пати поскапо ќе те кошта.
Сега се јавив кај жена што работи таму ми кажа нема да се случи ништо ако не сум платела само така ми кажале да ме заплашат а ми пишале партиципација затоа што не сум била бремена немало потврдена бременост па затоа
Ти си знаеш. Бремените се ослободени од партиципација а ти бидејќи не си потврдена треба да платиш ама пак ќе кажам ти знаеш. Се случи на мој познаник по година дена да му стигне казна за неплатена партиципација и затоа ти споделив искуство.
Секогаш сум плаќала и сум сакала да бидам чиста пред законот за било што па така да сигурно во теков на неделата ќе отидам да платам, бидејќи не би сакала ништо да ме изненади непријатно. Ти благодарам. Ако нема крварење внатрешно да ги прекинам ли утрогестанот? Штом е рано за на ехо ќе се јавам кај матичната да ме прегледа за другата недела. И сега сум во ред, немам болки
Најдобро е да се консултираш со матичната, ништо не прекинувај додека не ти каже таа. Пуштам среќа сè да биде во ред
Матичната не ни знае за ова... На своја рака ги земав утрогестан бидејќи она ми кажа претходно ( од порано) доколку некогаш ми се случи да имам крварење да примам утрогестан, ама сега оваа ми кажа дека не е внатрешно, можеби нешто сме се изгребале со дечко ми при односот незнам стварно затоа памет за друг пат .. Јас сум виновна..
Не е нивна работа? Епа на кого е ? Ненормални! Иди утре и плати си , сигурно е некоја ситна сума, да ти биде и мирна главата. Утре наутро веднаш побарај си матичен гинеколот да те насочи што понатака. И без разлика што не е потврдена бременост сеуште , тоа е идиотско однесување.
И јас сум крајно разочарана од персоналот на ГАК. Бев со ектиопична бременост и беа крајно агресивни при прегледот. Два пати со вагинално ехо и од грубото и невнимателно гледање со вагинално почнав таму да крварам па и згора на тоа со 3.000 бета ми рекоа да си дојдам за два дена на контрола неможеле ништо да видат. Да си чекав два дена ќе си направев компликација, а можеби и ќе ми прснеше нешто. За дрското однесување да не зборувам. Па потоа им бега стручниот кадар, многу јасно...
Незнам во Чаир дали вака примаат итно ако има нешто? Клиника 90% не третираат сите како од друга планета да сме( општо цел клинички центар).
Мене на итна од гак никогаш не ме вратиле. Може сум почекала за малку поитни случаи од мене, ама не ме пуштиле дома без да ме прегледаат.
Здраво девојки. По година дена обиди.. и еден спонтан во август.. Гледам втора црта .. утре ќе се јавам кај матична сабајле, но дали да почнам од вечер утрогестан да примам? Ви благодарам