Здраво женски, 5 дена пред добивање не издржав и направив тест 2 бледа линија. Секако ќе почекам до Не добивање..
Не сум добила сеуште. Незнам што да мислам!? Малце имам прашалници во главата. Ве молам да ми кажете сите што сте имале биохемиска дали одма после тоа сте добиле или дури наредниот месец? Не ме боли ништо добра сум . На моменти си мислам јас бремена да не сум а да не било рано за на ехо па заклучиле биохемиска ама од друга страна па немам никакви грчеви со стомакот и други симтоми баш сум океј освен што пак почесто си идам на мочкање. Немам пари за тестови. Дали МОРА да се добие после биохемиска? 17 дена како ми касни, а крварењето што ми беше не е исто како добиеното тоа тврдам. Благодарам!
Оди на гинеколог. Може крварењето ти било циклус но било поразлично заради биохемиската. Побарај од кај матичниот и упат за ГАК, нека те видат специјалисти за да те насочат како понатаму, не се оставај вака.
Ако имаш можност оди во Ремедика, јас таму имам многу позитивно искуство. Додека одев само кај матичната, се беше ок, во Ремедика ми открија полип на матка, па потоа и септум. А таму отидов зошто се сомневав исто на биохемиска бременост, ги имав сите симптоми и имав втора бледа линија на тест за бременост, а потоа ми дојде и имав обилно крвавење.
Здраво имам закажно на доктор ама не ме држи место. Цел живот имам редовен циклус. Во март имав една менструација долга 8 дена а ми трае 4д други пати. Тој месец кратко по тој циклус имав уште едно крварење од неколку дена проследено со остра болка па после тапа . Правам sure chec и сите се негативни А овој месец немав менструација. Еве недела е каКо касни Сте имале ли слично искуство да сте бремени?
Чим имаш негативни тестови не си бремена. Но мора да провериш што е работата со циклусот, оди на гинеколог, може да си имала некоја циста, а најверојатно ќе ти даде да испиташ хормони.
Здраво девојќи пред два месеци имав трети пат спонтан со киретажа. Ми рекле да не забременам три месеци после три месеци да напраиме некои испитувања. Ние имавме односи без кондом но не свршил во мене, осеќам некои чудни симптоми можно ли е бременост?
здраво женски би сакала нешто да прашам иако знам дека не е можно но сепак односи имав на 13 март секако со заштита и партнерот си сврши со маструбација и потоа си добив на 28 март циклус нормален 6 дена но ете по некоја логика требаше да добиам вчера но не добив немам болки во градите само 2 мозолки и некои тапи болки во стомакот и апетит зголемен како и пред секој пмс но ме буни што не ме болат градите ми се дешавало и претходно да добиам но да не ме болеле но нема место за паника во мојот случај мислам? секое мислење е добродојдено
Не си бремена 100%, не се вознемирувај. Можеби е до времето што е променливо или ако си имала некој стрес. Може и сега што си вознемирена за ова па ти касни. Нема шанси да си бремена.
Три дена имам по неколку капки крв на гаќите. Утре треба да ми дојде. Вчера правев тест беше негативен. Вака не ми се случило до сега. Дали пробива? Некој со слично искуство? Имав незаштитени односи, но не свршуваше во мене. Најверојатно не беше рано за тест. Ми беше 11ти ден по овулација.