Здравоо, за неполни 10 дена покачив 8кг, немам сипмтоми на бременост освен покаченава тежина, месецов добив менструација бааѓи порано , но нешто ме буни, немам обилно како секој месец е тука ме изеде јанѕа. Обично ми трае по 5-6 дена доста обилно, денес ми е трет ден и скоро и да немам веќе. И градите ми се доста зголемени, да купувам тест или се трипам?
Кога имаше последен пат ризичен однос? Можеш да направиш тест за секој случај, но најдобро и хормони да провериш.
Партнерот никогаш не свршил во мене кога сме имале без заштита, а при заштитен однос не ни пукнал кондомот. Претходните месеци нормална, редовна менструација.
Испитај си хормони, тироидна и крвна слика. За 10 дена не се ставаат 8 кг од бременост особено напочеток. Некои жени толку цела бременост покачуваат. Не е од бременост ова.
Направи тест и ќе видиш за сигурно. Во првите месеци обично повеќето намалуваат на тежина, од мачнини и повраќање, јас до 4 месец не можев ништо воопшто да јадам. Ама не е правило, сепак испитај си се што треба.
Ќе покаже сега ако е напладне, не ме трпи кожа до сабајле. Читав лабоклик дека се најдобри, сегаде ги има у секоја аптека?
Во првите месеци најголем број од трудниците ништо не можат да јадат, повраќаат и слабеат, секако има исклучоци ама мене твојава ситуација мене ми личи повеќе на хормонски дисбаланс. Консултирај си лекар за мирна да ти е главата.
И мене последната менструација ми траеше еден ден и едвај една улошка наполнив ама се рачуна како менструација. Бев на лекар и ми рекоа дека може да се случи таков циклус и нема простор за паника, а јас баш се понадевав дека можеби е бременост. Така да, најдобро ти е посета на лекар и следи ги неговите совети.
Здраво девојки, крајот на месец април дечко ми сврши на мене, поточно дел се лизна надолу на вагината. Во тој период мене ми доцнеше веќе 10 дена, потоа по 2 дена од таа случка ми дојде менструација која беше со многу слаб интензитет и траеше кратко, некако чудна. Од како ми заврши постојано имав болки во долниот дел од стомакот и малку се исплашив па негде по 25 дена бев на преглед, гинекологот ми кажа дека нема цисти се е уредно, ми препиша некој вагиналети поради зголемен секрет и ми зеде брис за пап тест за кој сеуште немам резултат. Наредна менструација сеуште ми нема дојдено ми доцни веќе 15 дена, се осекам премногу чудно. Прашањето ми е дали постои шанса за некаква бременост бидејќи спермата заврши долу, да не случајно навлегла внатре, плус ми доцни и имам некои чудни болки?
Како може да ти доцни 15 дена кога крај на мај значи пред 2 недели си имала секс, а после 2 дена ти дошла менструација?
Направи тест за да си мирна. Но чисто сумљам дека си останала. Ако имало бременост ке ти кажел докторот. Како што разбрав сега скоро си била на доктор. Може од стрес да ти доцни.
Крај на април беше случката, почеток на мај имав некоја си менструација чудна и сега ми доцни 15 дена.
На 25.05 бев на преглед, дали би се видело доколку имало бременост? Јас му кажав само дека имам болки, ми рече само дека нема цисти бидејќи претходно имав, изгледот на јајниците е таков каков што е во превод дека имам полицистични јајници и брис ми зеде тоа беше се.
Менструација е менструација без разлика колку е оскудна, не се добива во бременост никогаш. Ако си добила значи не си бремена. Ако ти каснела околу 10 дена кога си имала секс и сега пак ти касни толку, или има некаква здравствена причина што ти касни секој месец или едноставно имаш подолг циклус. А бременост не е, зошто бременост не настанува од слизнување на сперма надворешно.
Полицистични јајници имам, можеби причината е тоа. Плус сум под стрес да не случајно настанала бременост. Фала на мислењето.
Јас од мое искуство со полицистични јајници додека не направив хормонско испитување да ми дадат терапија секој месец мислев дека сум трудна. Некогаш ке дојдеше порано некогаш ке каснеше една недела. Некогаш и два месеци немав добиено. Додека не испиташ се што треба ке си редиш стрес на себе.