Па баш тоа сакав да те прашам, му имаш кажано на докторот дека не ти се регуларни циклусите? Еден од најчестите симптоми на полицистични јајници е.
Ме праша дали се редовни, му кажав дека некогаш точно ми иди, некогаш ми доцни по 3 4 дена, некогаш по 10 и повеќе зависи, ми рече само во ред седни да те прегледам.
За да си бремена треба да сврши внатре во тебе, ако беше со лизгање сперма досега многу ќе беа трудни.
Oва можеби бил и позитивен ама премногу мокрача имаш ставено. Направи нов со мокрача колку што е потребно.
Знам дека тоа е така, но се исплашив искрено дека пола заврши на вагина и ете некако се се поврза и затоа сакав мислење од некој поискусен.
Девојки ми треба ваше мислење. Ми касни 4 дена а имав еден незаштитен однос пред повеќе од 2 недели но сигурни сме и двајцата дека сврши надвор. Другите односи ни беа заштитени. И во април ми се случи да ми касни 5 дена а не бев сексуално активна тој период. Страв ми е да не станува збор за бременост зашто не знам што друго да мислам.
Здраво, нова сум на Фемина и имам едно(или повеќе) прашања. Прво да ви ја објаснам ситуацијата. Пред 4 месеци бев бремена и во март правев абортус. Причината беше дечко ми(сега бифш). После тоа зборувавме и решивме повеќе да пазиме и доколку се деси нешто шо не треба должен е да кажи и го предупредив дека повторно ќе правам абортус. Раскинавме пред неколку дена и пред да раскинеме тој беше сигурен дека пазел и дека секогаш го вадел надвор дури и предвреме. Е сега ми доцни само 2 дена, испаничена сум и под стрес поради тоа што го поминав. Зедов тест и планирам утре сабајле да го направам... Ваше мислење?
Како прво, абортус не е иди измочкај се и ќе помине. Знаеш ли какви се не последици можеш да имаш! Знаеш ли дека има девојки по абортус се мачеле после со години за да родат едно бебе, некои успеале а некои не за жал. Дечкото а и ти за кондоми сте слушнале ли? Бараш мислење а простувам на некој што те натерал да абортираш?! Треба сама со себе да си решиш некои работи во глава. А тестот нека ти покаже тоа што посакуваш!
Кога ќе прекинете со - ако направиш абортус нема да можеш да имаш деца - муабет од минат век? Се забременува непланирано и се прави абортус, право на секоја жена и тука завршува дискусијата. Таа компликација неплодност од абортус не е воопшто толку честа колку што ја спомнувате при секој можен коментар за абортус.
Не знам за што точно бараш мислење, дали си бремена само тест може да ти каже. Однесувај се поодговорно кон своето тело. Немам ништо против абортус, ама постојат начини за да не дојде до непосакувана бременост.
Невалиден ми е или негативен, оно линијата малечка е евапорациска? Би сејф е тестов, 2 дена пред циклус, знам дека рано ама ме копкаше, одамна беше овулацијата
Ај виииидии пак на оваа слика ахахах ќе напнам омг ќе земам и нов за на дента на доцнење, ама ме копка и сега