Такви ми се и другиве, ама испитав бета и прениска е, и според докторката е ниска, ама сепак ми рече во петок пак да испитам. Како во грч сум сега, мислам нема да биде како што треба
Денеска е денот кога требаше да ми дојде всушност, и денеска е бетата 42.89 а од 4та недела до 7ма вредностите се : 590 - 187 000 мене ми е 4та недела денес, така му идеше мислам нели?
Мене на ден на добивање ми беше 131 ама многу зависи кога си овулирала. Може подоцна ти била овулацијата па затоа имаш пониска бета. Повтори за 48ч во иста лабораторија, ако е дуплирана бетата, сè е во ред. Имај верба и трпение, ќе биде добро
Фала ти девојче ама сепак сум ко во грч, и тестовите правени пред два дена, вчера и денес ги чувам, слична им е цртката, нели треба да биде се потемна и потемна? Ќе ги ставам еве види ги, се ко иста цртка имаат, може е ете прерано, не знам, ќе видиме во петок како и да е Ако идам во среда, ќе можам да видам така? Би требало да е околу 160 тогаш? @fana мислење?
За жал биохемиска е најверојатно. Не се разочарувај и обесхрабрувај. Ништо страшно, следен месец нека биде успешно.
Јас кога одев да испитам бета хцг, бев неколку дена после доцнење. Ме вратија и ми рекоа да дојдам мислам 14 дена по доцнење.
Мене повеќето ми изгледаат исто. Само вториот е ептен слаб. А и да не се исти, веќе треба да има поголема разлика во цртките.
Фала ви на сите, ќе почекам, може е рано, може и е биохемиска, ќе видиме. Така ми спомна и докторката ако не е качена бетата над 200 во петок. Далеку е петок Тест ако напраам додека чекам петок има некое фајде или не ? Дали би била пак бледа да видам или потемна, што знам Не сум обесхрабрена и да е биохемиска, прв месец обиди ни беше, се се случува, не знам како да кажам поинаку. Ќе видиме деновиве здравје Фала ви уште еднаш девојчиња
Пример мене 9 дена по овулација бетата ми беше 10.8, а 4 дена после 138. Ако ми беше 50 ќе беше малку, а ќе се дуплираше таман за 48 часа. На почетокот бетата расте рапидно, не е баш правило да се дуплира на 48 часа како во покасните денови. На ден за добивање во повеќето примери е околу 100-200.
Тестовиве и бетата ме потсетуваат на една моја бременост. Таа заврши биохемиска. Ама не мора да значи дека и кај тебе ќе е така Направи пак бета, ако правилно се дуплира ,значи касно си овулирала и немаш гајле. Кај мене не се дуплираше правилно..