Фалаа Да ве прифати сите што си сакате! Секако ќе покаже порано преку крв, а за тоа кога може да се прави јас најдов различни мислења. Некои велат после 5 дена од овулација и незаштитен однос, некои велат барем 12 дена после овулација, а други пак 1 ден од доцнење на циклусот...
10 недела прв преглед гинокологот воодушевен колку сме пораснале без да знаеме. Прв преглед немав срце од возбуда ништо да прашам кога се открива полот.
Здраво женски! Ве читам некое време и сега одлучив да ви се придружам. Имено, се сомневам ( т.е се надевам )дека сум бремена и како и секоја друга жена во исчекување ме јадат нервите и не можам да дочекам за тест. Мислам дека ги исчитав сите теми на форумов поврзани со симптоми за бременост Мала историја за мене, циклусите ми се со времетраење 28-29 дена и се релативно точни ( освен при промена на клима или стрес знае да ми касни по ден-два ). Последно добив на 22ри јули, следно би требало на 21ви август. Спред календарот овулација ми беше на 7ми август и истиот ден имавме незаштитен однос. Не сум правела тест за овулација за да бидам 100% сигурна дека овулирам, но според апликациите за следење циклус, на денот кога би требало да овулирам, веќе некое време имам тапа интензивна болка и грчеви во пределот на јајниците ( нешто што подолго време се мислам да го испитам на гинеколог ). Истите болки ги имав и ноќта на 6ти спрема 7ми август. Од симптоми, изминатиов викенд, поточно вчера поинтензивно, имав иста болка како при овулација, само овој пат не беше сконцентрирана на една страна туку беше наизменична. Прв пат ми се случува да искусам ваква болка надвор од периодот за овулација. Градите ми се така збуфнати и осетливи, но обично такви ми се и една недела пред добивање ( што временски се поклопува во овој случај ). Уморна сум, но тоа ми е хронично Се мислам да направам тест среда сабајле или четврток ( знам дека е рано ), но земав од тие што детектираат рана бременост. Не барам никаков совет, само морам да се истушам некаде за да ми помине времето и нервозата.
Очекувам да не израдуваш со две жар црвени цртки Симптомите за бременост се исти со оние на менструација, така да само опуштисе и чекај си го денот за НЕдобивање
Прв скрининг 12та недела ми кажаа пол ама тоа е реткост толку рано, треба да се потрефи убаво да е наместено, 18та недела бев кај друг др. беше потврдено. Сепак мислам дека 2 скрининг колку што памтам беше 22 недела, тогаш би требало да видат добро кој пол е
Јас само да пријавам, уште вчера добив бледа цртичка на тестот. За секој случај ќе го повторам и понеделник ( прв ден од доцнење ) но мислам дека тоа е тоа. Не би требало тестот да е лажно позитивен?
Честитки пред се Каков тест правеше? Можеш да прикачиш слика да видиме, но не би требало да е лажно позитивен...
Навистина?? Имавме однос без кондом во плодни денови, но не заврши партнерот во мене. Дали е можно од предсемната течност? Инаку имам симптоми на менструација ми касни 3 дена. Ве молам за мислење