Сигурна сум на тоа дека не сврши во мене, видов со свои очи, но незнам како е можно, сеуште не ми се верува во шок сум.. Ви благодарам многу за информациите. Имајте пријатен викенд
Бледата линија значи рана бременост. Шансите да се забремени од предсемена течност се мали, но постојат ( не прашувај од кај знам ) Подобро отиди на гинеколог, за 100% сигурност, додека е сеуште рано.
Пак да направиш тест утре, не е јасно дефинирано, бледа е линијата можи да е бременост, можи да е лажно позитивен, мора да го повториш
Ќе направам утре сабајле, веќе неколку дена ме боли стомакот грбот и градите, како што и пред секоја менструација, требаше пред 3 дена да ми дојде, затоа денес се решив да купам тест и еве го резултатот.
На 3 дена доцнење да ти покаже позитивен тест, а и со симптоми си, ќе да не е лажно позитивен, иако е бледа линија, ја има. Појди си на гинеколог.
Бремена си. Ама за сигурно матичната нека ти даде да испиташ и крвна слика, ќе и кажеш да означи за испитување бременост.
Ние 9+ год сме без кондоми, ама не сум забременила од предсемена. Поверојатно ми е да не извадил на време, па отишло нешто и внатре...
И јас имав исти симптоми како за добивање девојче.. скроз исти, сигурна бев дека ќе ми дојде, плус на тестовите имав многу побледи црти од твојата, невидливи дури, а еве сум 12та недела Бремена си, јасно кажува тестот, се забременува од предсемената, посебно па ако ви било втора партија...
Јасно е дека си бремена, а како се случило тоа веќе не ни важно сега, јасно е дека си отишло нешто внатре и завршило работа. Направи си тест преку крв и за две недела преглед кај гинеколог. Со среќа