Има шанса како нема, шанса и тоа да си 3,4 месеци бремена Знам ваков случај лично, а и плус што сум гледала по оние I didn't know I was pregnant Тест направи си. Ако не си бремена секако пак оди на гинеколог да видите зошто не добиваш толку време. Може и ти се симптоми и за добивање...
Драги феминки, за прв пат со мм пробавме да зачнеме бебче, односот го имавме на 20 овој месец додека овулација ми беше на 22. По календар очекуван период за мензис ми е на 05.09 па би сакала да ве прашам кога најбрзо можам да направам тест за бременост т.е кој би можел нај рано да ни ја потврди веста дали е успешно. Исто така сакам да прашам за препорака кој тест може да детектира нај рана бременост и доколку може да споделите некои од првите симптоми при зачнување. Ви благодарам многуу
Премногу ти е рано сега за тест. За најточен резултат 14 дена после овулација, односно на еден ден доцнење. Се случува и порано да се детектира, ама може и да даде невалиден резултат. Тестови можеш би сејф или лабоквик и двата се добри. Симптомите кај секого се индивидуални и многу често знаат да се поклопат со менструални симптоми. Јас лично и во првата и во оваа бременост имав често мокрење како најизразен симптом. Исто можеш да имаш болки во кичма, во матка, гради итн, стварно е индивидуално. Со среќа!
Здраво девојки. Дали гадење,константна потреба за во тоалет и дијареа може да се знаци за рана бременост?
А да си почекаш да ти закасни? и да си направиш а вомеѓувреме да не мислиш на тоа најди си некоја занимација кај што ќе ти го оземе вниманието
Здраво девојки. Пред 2 и пол недели имавме незаштитен однос со дечко ми 2 пати но се миевме после секој, и не забележавме ништо чудно т.е да сврши во мене. Дечко ми е една година и скоро секој пат сме имале незаштитен однос. Денот кога имавме според календарот ми било ден со големи шанси да останам трудна, само што јас видов дури сега. И да знам за карање сум, самата сум си виновна што не си следев тоа, и не дај боже нешто да биди за ум ќе ми биди ова. И сега ми касни 2 дена, но тоа не ми е некој проблем зошто скоро секогаш ми каснело по некој ден и сум имала нередовен циклус. Проблем ми е тоа што изминативе 3-4 дена се чувствувам многу чудно, никогаш не ми било вака. Секој мускул ме боли, секоја коска, и кичма и нозе и раце и и глава и се. Чувствувам и како некое пецкање околу левата града, многу кивам, многу често мокрам а тоа никогаш не ми се случувало, а од вчера чувствувам и тапа болка на јајниците. Што мислите, дали има шанси за бременост? И кога би било најдобро да правам тест?
И јас мислам сега да си направиш Бисејф или лабоквик,а можеш и друг еден што го открив пред некој ден се покажа како добар.
Фала ти а знаеш каде и како се испитува преку крв? Читав дека било најсигурно, дека многу пати тестови давале лажни резултати