Баш тоа гледав малку под црната цртка ги потопив 3 секунди прв пат правам ваков тест.. каков да земам ?
Мене ми личат на удавени во урина. Досега со би сејф не се случило вака, не знам што да ти кажам. Земи Лабоквик. Еве ти означив до каде да ги поѕопуваш и немој многу долго, баш како што пишува на упатството.
А можно е и прекратко да си ги чувала. Мене последните два вакви тестови би сејф, не ми покажа никаков резултат а ги чував по 3 секунди (макс до цртичката нели). Кога го чував 3тиот тест 5 секунди, почна да излегува резултатот... негативен де, ама валиден беше тестот.
Да баш и внимавав да се до цртката дури и милиметар два под цртката ги чував 3 секунди и ги извадив на рамно ги ставив си викам ај едниов чуден ми е да пробам и со другиов ама испаднаа двата невалидни.. најверојатно не чинеа ќе зеам вечер лабоквик
Апла се гледа дека си ги оставила мн време, сеуште се утоп мокри и по 5мин Сум правела ваков, одма упива и не останува вака мокро. Многуууу мокрача е ставено.
10 дена ми доцни. Тест со утринска мокрача негативен. Болки во гради, глава, акни по лице. И претходно ми доцнело но не до толку. Можно ли е да не е точен тестот? Не ми е логично после 10 дена да не покаже точно
Не може да не е точен после 10 дена, закажи си гинеколог за да ја видиш причината за нередовна менс. Или пак си патовала, промена на клима, стрес.. затоа да ти касни ама чим веќе имаш искуство со каснење, треба да си провериш.
Утре треба да добијам. Вчера имав светло кафеав(кремасто кафеав) исцедок. Имаме незаштитени односи 4 месеци за втора бременост. Сабајле почуствував мала болка во половина и правев тест лабоквик. Резултатот се чита по 5мин но уште на 2мин се појави тенка цртка. Што мислите,можно е да има бременост?
Повеќето од нас на форумов гледам дека имале некое негативно искуство. Ама ќе видиш еден куп охрабрувачки коментари и примери дека после тоа се било во ред. Само добра мисла
Тука има бременост, позитивен е тестов. Секако дека си воздржана и ти е страв, но верувам дека ќе биде добро. Што муабети свртевме во Поддршка Баш ми е мило што беа џабе
Честитки. Како јас да сум пишувала. Ист исцедок ист тест иста линија во декември. Тримесечен дечко имам
Исцедокот можно да е прочистување од предходна менс, бар таков одговор добив јас ти посакувам лесна и школска бременост